Фото: Агенција за филм

Вероника Бучковска е именувана за в.д. директорка на Агенцијата за филм, одлучи Владата на седницата одржана на 17.12.2024 г. и доаѓа на местото на Даниела Станковска Плачковска, која неодамна поднесе оставка од функцијата.

Вероника Бучковска е дел  од Секторот за филмска дејност и меѓународна соработка при Агенцијата за филм на Македонија од 2011 година, задолжена за промоција на македонската филмска продукција на локално и меѓународно ниво како и за следење на реализацијата на филмските фестивали. Има долгогодишно работно искуство во организирање и учество на настани од различни формати, со национален и меѓународен карактер, од типот на меѓународни конференции и фестивали, еднодневни обуки/работилници  и сл.

Вероника Бучковска е национален претставник во Европската аудиовизуелна опсерваторија (European Audiovisual Observatory) и мрежата Европска филмска промоција (European Film Promotion), членка на мрежата на SEE (South-East European) Cinema Network,  член на Мрежата на Европски филмски комисии (EUFCN- European Film Commissions Network), член на Creative Europe MEDIA Committee и член на Balkan network group, соопшти Агенцијата за филм.