Полициските власти уапсија 73-годишна жена од Бугарија поради телефонски измами со постари лица во Солун.
Според информациите на државната телевизија ЕРТ, се започнало кога Бугарката и се јавила на една постара жена во Солун и и кажала дека нејзиното дете доживеало сообраќајна несреќа и дека итно му требаат пари за да изврши операција, пренесува софиски „Труд“.
Гркинката исплашена ја сретнала 73-годишната жена и и дала повеќе од 4.000 евра на рака. Тогаш жената сфатила дека е измамена и повикала полиција која ја пронашла измамничката во автобус со парите што ги поседувала. Сумата и е вратена на повозрасната жена.
Според информациите од полицијата, 73-годишната Бугарка била вмешана и во друг сличен случај на измама врз друга постара жена во Серес, од која добила над 30.000 евра токму на ист начин, дека наводно нејзиното дете доживеало сообраќајна несреќа и и требала операција.