Фото: Пиксабеј

Во борбата против зголеменото загадување со пластика, научниците открија дека ларвите на африканските црви имаат способност да „трошат“ полистирен, еден од најчесто користените пластични материјали. Овие црви спаѓаат во ретката група инсекти за кои е откриено дека можат да разградат пластика што ја загадува природата. Ова е првпат да се открие дека овој вид инсекти од Африка има таква способност.
Полистиренот, попознат како стиропор, е пластичен материјал што широко се користи во прехранбените, електронските и индустриските пакувања. Тој тешко се распаѓа бидејќи е многу издржлив. Традиционалните методи на рециклирање, како што се хемиските и термичките третмани, се скапи и може да предизвикаат дополнително загадување.
Затоа научниците постојано истражуваат други, биолошки методи за управување со овој упорен отпад. Фатија Камис, виш научник од Меѓународниот центар за физиологија и екологија на инсекти, вели дека заедно со тим истражувачи откриле дека ларвите на кениската ситна обична бубачка можат да јадат полистирен бидејќи во нивниот дигестивен систем имаат бактерии што помагаат да се разложи материјалот.