Базиликата изобилува со подни мозаици, од кои повеќето во нартекот и средниот кораб. Краевите на правоаголните подрачја се покриени со плетеници во облик на рибарски јазол, а аглите се исполнети со стилизирани бели цветови на лотос. Во кружните полиња, од север на југ, се наредени птици, риби во вода, кантароси, геометриски орнаменти и друго. Во средишниот дел има изолирани слики на птици со гранчиња, риби една над друга, а потоа и разни плодови: грозје, јаболка, круши, кошница со репка и др.
Знаменитостите на Македонија
Св. Ѓорѓи е археолошко наоѓалиште во населбата Студенчишта, Охрид. Претставува базилика и некропола од старохристијанско време. Базиликата е откриена во 1954 година, поставена на падините на Петринска Планина, три км источно од античкиот Лихнид и во непосредна близина на Билјанини Извори. Лежи лево од патот Охрид – Св. Наум. Има димензии од 29 × 73,5 м. Со прекини се вршени истражувања сè до 1971 година. Таа е трикорабна, со нартекс, двоен атриум, бочни анекси, катехуменеум и крстилница. Некрополата е сместена јужно од базиликата и има гробови од камени конструкции.
Користејќи го теренот, сите простории се каскадно поставувани од исток кон запад. Од декоративна пластика се откриени фрагменти од олтарната преграда. Наосот, нартексот и катехуменеумот се покриени со стилизирани геометриско-цветни елементи и животински претстави со евхаристично значење. Бочните кораби, северниот анекс и крстилницата се покриени со керамички плочи. Според декоративната пластика и мозаичната декорација, базиликата е датирана кон крајот на 5 век или на почетокот на 6 век. Истражувањата ги вршеле Васил Лахтов, Вера Битракова и Владо Маленко.
Базиликата изобилува со подни мозаици, од кои повеќето во нартекот и средниот кораб. Краевите на правоаголните подрачја се покриени со плетеници во облик на рибарски јазол, а аглите се исполнети со стилизирани бели цветови на лотос. Во кружните полиња, од север на југ, се наредени птици, риби во вода, кантароси, геометриски орнаменти и друго. Во средишниот дел има изолирани слики на птици со гранчиња, риби една над друга, а потоа и разни плодови: грозје, јаболка, круши, кошница со репка и др.
Исклучителна е претставата на кантаросот, од кој два пауна пијат вода. Од него излегуваат и две бршленови гранчиња со стилизирани листови од сцревиден облик. Гранчињата го пополнуваат просторот на апсидата, а пауните се изработени стилизирано. Цветовите се розово-виолетови, жолто-портокалови, сиво-сини, маслинесто-сиви, црни и бели. Објектот е прогласен за културно наследство на Македонија.
Лихнид
Лихнид, познат и како Лихнида, е антички град на Охридско Езеро, претходник на денешниот град Охрид во Македонија. Се наоѓа на ридот Горни Сарај, во областа Плаошник во западниот дел на денешен Охрид. Се простира од ридот, на кој денес се наоѓа средновековната тврдина на цар Самуил, во југозападен правец низ селото Плаошник до брегот на езерото. Зафаќа дел од стариот град и затоа на него се изградени големи делови. Северозападно од градот има плодна земја што била населена во античко време и користена за земјоделски цели уште во камената и бакарната доба. Лихнида била важна станица на патот Виа игнација, кој го поврзувал источниот брег на Јадранско Море со Византија (подоцна Константинопол).
Првите доселеници на градот биле Енгеланите (Енхелејците), кои во 8 и 7 век пред нашата ера живееле околу Охридско Езеро. Во 355 година пред нашата ера Филип Втори ја освоил од Линкестида, територијата источно од Преспанско Езеро, и го проширил својот домен до брегот на Охридско Езеро.
Во 3 и 2 век пред нашата ера е центар на Дасаретија, кој се протега од реката Девол на запад до границата на Лихнида на исток и на север до територијата на Дарданците. Во 148 година пред нашата ера кога Античка Македонија станала римска провинција, Лихнида била под римска власт. Меѓутоа, до времето на раното Римско Царство, Дасаретија била слободна општина. Лихнида била нејзино административно седиште и трговски центар. Во римско време, градот бил проширен. Во доцната антика Лихнида била епископско седиште. Епископот Дионисиј Лихнидиски бил учесник на Црковниот собор во Сердика. На 29 и 30 мај 526 година Лихнида била уништена од земјотрес. Д.Ст.