Работилницата за актери насловена „Внатрешниот глас“, под водство на Лучила Трапацо, се одржува деновиве во културниот центар „Јадро“. Работилницата има цел да им помогне на учесниците да се поврзат со нивниот скриен гласовен потенцијал и креативното јас. Преку водени психофизички визуализации, игри, сензорни и емоционални вежби и гласовна и физичка импровизација, учесниците ќе научат да го слушнат сопствениот внатрешен глас. Сесиите ќе се фокусираат на основните алатки со кои се гради експресивниот глас, како што се техниките на дишење и интерпретација на внатрешните звучни пејзажи. Едноставните вежби за истегнување ќе ја ослободат тензијата во лицето, грлото, стомачната област, рамената и долниот дел на грбот. Игривото истражување на просторот, телото и резонантните центри ги прават овие сесии креативни и ослободувачки, додека вашата вокална експресивност ќе се прошири.
Лучила Трапацо е родена во Касино во 1964 година. Живее меѓу Цирих и Њујорк. Нејзините активности опфаќаат поезија (добитничка е на различни награди, публикации во меѓународни антологии и уметнички книги, како и настапи на фестивали), театар (предавање на работилници, режија, актерство), видеоинсталации и литературни критики. Во своите дела, таа тежнее кон синтеза на различните уметнички јазици. Нејзините дела се прикажани на повеќе меѓународни изложби и фестивали.