Новото натпреварување, воведено во 2018 година, им обезбеди на европските машки репрезентации низа важни придобивки, а селекциите што имаат добри резултати можат да ги подобрат и своите позиции за пласман на Светското првенство, пишува УЕФА
Од својот почеток во 2018 година, Лигата на нациите им обезбеди на европските машки репрезентации низа важни придобивки, со нудење поконкурентни мечеви, натпреварувањето го намалува бројот на пријателски дуели без додавање дополнителни датуми во календарот на натпреварите, нуди дополнителна можност за освојување трофеи и им овозможува на репрезентациите да ја почувствуваат возбудата за промоција и за испаѓање, пишува Европската фудбалска унија (УЕФА).
Селекциите што имаат добри резултати во Лигата на нациите, исто така, можат да ги подобрат своите позиции за пласман на Светското првенство, со тоа што осумте најдобри ќе имаат загарантирано место во првиот барабан за ждрепката за квалификациите. Сезонава истите тие најдобри осум репрезентации (победниците и второпласираните во групите во лигата А), исто така, ќе се натпреваруваат во нова четвртфинална фаза во по две средби, создавајќи континуитет помеѓу ноемвриската кулминација на групната фаза и финалето, кое на програмата е во јуни в година, пишува УЕФА.
Приближувајќи се до последните два натпревара од групната фаза сезонава, има многу причини да се игра. Така, последователните пласмани во повисок ранг во 2019 и во 2021 година ѝ овозможија на Унгарија да се искачи од лигата Ц во лигата А, напредувајќи за 22 места во вкупниот ранг што ги одредува местата за пласман на Светското првенство, а уште двата меча во игра би можеле да ѝ донесат на Унгарија место во осминафиналето во Лигата на нациите, пишува УЕФА. Во лигата Б, по претходниот настап во Лигата на нациите, репрезентацијата на Грузија се пласира на Европското првенство играно годинава, а сега може да стане првата селекција што се искачила од лигата Д до лигата А, пишува УЕФА.
Грција забележа победа во октомври на гости кај Англија, за врвот во групата во лигата Б, сега може да оствари промоција селекцијата што веќе се искачи за 17 места на листата сезонава, а ова издание на Лигата на нациите веќе се покажа како незаборавно за Сан Марино, кое ја оствари својата прва натпреварувачка победа, со Лихтенштајн, во септември, но со нова победа, на дуелот Гибралтар, в петок, ќе обезбеди пласман во лигата Ц за сезоната 2026/2027, пишува Европската фудбалска унија. Н.М.