Ќ.Д. (42) од село Арачиново – Скопско со повреди од огнено оружје во пределот на десната нога вчера бил однесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, а оттаму случајот го пријавиле во СВР Скопје.
Од страна на полициски службеници излезено било на местото на настанот и констатирано било дека околу 20 часот Ќ.Д. од едно лице бил повикан да излезе пред вратата од неговата куќа, по што лицето пукало кон него.
На местото на настанот биле пронајдени две чаури од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.