Минатиот месец во Софија, Бугарија, се одржа меѓународна конференција за проектот „Мобилна евтина дигитализација на домашни филмски формати – МобиРеел“. На конференцијата, на темата „Мобилна евтина дигитализација на винтиџ-филмови“, беа претставени најсовремените иницијативи во областа на евтината дигитализација на винтиџ-филмови, вредноста во таканаречените домашни филмски формати како осум мм, супер осум мм, ВХС итн.
Како претставници од Кинотеката на Македонија, која е еден од петте партнери во овој проект, на конференцијата учествуваа: филмологот Миранда Ала Речи со презентација на темата „Важноста на филмската каталогизација“ и вишиот филмолог Дамјана Патчева со презентација на темата „Транзицијата на филмот низ историјата“. Со свои презентации на оваа конференција учествуваа и говореа експерти и стручни лица од филмските архиви, организации и центри што се занимаваат со заштита на филмското наследство. Говорници на конференцијата беа и Хајди Фиал од Филмскиот архив во Австрија, Ражван Унгуреану од Националниот филмски архив на Романија, Паул Марие од Германската кинотека, Мерлин Вајер од Интернет-архивот, Леонардо Чиарглионе од МПАИ, Италија, и други. На конференцијата беа презентирани и резултатите од проектот „МобиРеел“ и развиените ресурси.
Проектот е дел од програмата ЕРАСМУС +, поддржан од Европската Унија.