Познато е дека многу намирници, особено овошјето и зеленчукот, се третираат со разни хемикалии за да можат да траат подолго. Сепак, повеќето од овие хемикалии се опасни по здравјето. Многу од нив затоа се забранети во Европската Унија, поради што се случува храната да не стигне ниту до полиците на продавниците или до пазарите.
На пример, јаболката за да траат подолго се прскаат со восок, глицерин, парафин, калциум хлорид и дефинил. Вториот е најопасен, бидејќи се произведува со преработка на нафта и се смета за канцероген. Затоа, многу луѓе се прашуваат како да препознаат прскана од непрскана храна.
По купувањето на пазар, од продавач за кој е познато дека не третира овошје и зеленчук, доволно е само да ги измиете под вода за да ја отстраните нечистотијата. Меѓутоа, при купувањето во продавниците, експертите ги советуваат клиентите да ја отстранат кората.
Имено, со јадење храна третирана со хемикалии ризикуваме не само труење со желудникот туку и развој на посериозни болести, како тумори на долг рок. Меѓутоа, со лупењето на кората, на пример на јаболкото, исчезнува главниот извор на витамини А и Ц, како и калциум, фосфор, железо и корисни антиоксиданти. Сепак, овој проблем исто така може да се надмине. Доколку кората на јаболкото потемни по сечењето, тоа е безбедно за консумирање. Имено, карцитинот во комбинација со витаминот Ц ги спречува слободните радикали да предизвикаат штета во организмот. За да одредите дали зеленчукот содржи пестициди, доволно е да исечете краставица или домат и да ја погледнете нивната внатрешност. Жолтите ленти укажуваат на можноста зеленчукот да е третиран со хемикалии. Покрај тоа, кај одредени видови зеленчук, централниот дел е исто така жолт.