И 10-та партија од мечот за светски шаховски првак во Лондон помеѓу Норвежанецот Магнус Карлсен (2.835) и Американецот Фабијано Каруана (2.832), во напната атмосфера заврши со реми во 54-от потег, Каруана го изненади својот противник во отворањето, подоцна Карлсен се чинеше дека има подобри шанси, но очигледно беше и премногу оптимист, загуби пешак, а по „излетот“ на неговиот крал на полето д4 во 44-от потег, сепак, успеа да обезбеди реми.
И по две недели од почетокот на мечот и сите ремија, сепак, видовме повеќе борбени партии. Карлсен имаше одлична шанса во првата партија, а Каруана имаше добра предност со бели фигури во три партии, но ова не може да биде јасен показател, оти црните фигури во текот на подоцнежната игра, стекнуваа подобри позиции. Сепак, трендот се менува, во последните три партии белиот имаше поголеми шанси да ја разбие монотонијата.
Додека Карлсен играше различни потези во отворање (1.d4, 1.c4 и 1.e4), Каруана остана доследен прво да го придвижи кралскиот пион. Светскиот шампион сите партии како црн ги одигра со сицилијанска одбрана.