Претседателот на Светска банка, Аджај Банга, на Светскиот економски форум во Давос рече дека светот се соочува со „егзистенцијална климатска криза“ и претстави план од пет точки за борба против климатските промени. На оваа тема зборуваше претседателката на ММФ, Кристалина Греоргиева, која рече дека цената на емисиите на јаглерод до 2030 година ќе достигне 85 долари за тон.
Првата точка предвидува Светската банка да одвои 45 отсто од средствата за климатски цели до 2025 година, од кои половина ќе бидат наменети за ублажување на емисиите на штетни гасови, а другата половина за адаптација на климатските промени.
Друга обврска преземена од Светска банка предвидува поврзување на 100 милиони луѓе во Африка со обновливи извори на енергија до 2030 година, со можност конечниот број да биде 200 милиони.
Аджај Банга истакна дека за него правото на пристап до електрична енергија е дел од основните човекови права.
Тој смета дека е неопходно да се намалат емисиите на метан, кој според него е 80 пати поопасен од јаглерод диоксидот, но за тие напори се издвојуваат само два отсто од вкупните средства за борба против климатските промени, што е трета заложба на Светска банка.
Малите земји кои се особено изложени на негативните влијанија на климатските промени нема да мора да ги враќаат заемите што ги должат, вклучително и каматата, две години, бидејќи, според Банга, Светската банка „мора да биде таму во лоши денови, а не само во добри денови“.
Петтата обврска предвидува помош на Светска банка за доброволни пазари на емисии на јаглерод во проекти каде банката може да гарантира „еколошки кредит и социјална вредност“.