Цел на Европската комисија е Македонија и Албанија да ги почнат преговорите по Првиот кластер – Основи што е можно поскоро, дури ако може и следната недела и силно ја потврдуваме нашата посветеност на иднина во која сите шест партнери од Западниот Балкан ќе бидат членки на нашата Унија – изјави денеска претседателката на Европската комисија, Усрула фон дер Лајен по завршувањето на дводневниот Самит на ЕУ.
– Новата година почнува со многу добри вести за Европската Унија и за нејзините соседи и пријатели со вчерашната одлука за чекор напред во процесот на проширување. Тоа ќе претставува обележје на нашата заедничка историја. Решивме да започнеме преговори со Украина и Молдавија, одлучивме на Грузија да и доделиме кандидатски статус, како и да ги отвориме преговорите со Босна и Херцеговина, тогаш кога ќе бидат постигнати неопходните барања – истакна Фон дер Лајен, на заедничката прес-конференција со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и шпанскиот претседател Педро Сначез.
Според Фон дер Лајен, со вчерашната одлука за проширувањето Унијата покажала го исполнува ветеното и дека никогаш не била по силна и поедините
– Во свет што го потресуваат повеќекратни кризи, проширувањето е инвестиција во стабилноста, инвестиција во сигурноста, но и инвестиција во просперитетот на целиот континент и голема инвестиција во демократијата – додаде Фон дер Лајен.
Според Мишел, воената аграсија на Русија врз Украина предизвика длабока трансформација на Европската унија, за што доказ е и денеска завршениот Самит, кој има историска димензија со донесените одлуки за проширувањето.
– Ваквите одлуки се многу јасна политичка порака дека проширувањето е инвестиција во мирот, сигурноста и просперитетот, упатена до сите европски граѓани и до граѓаните на земјите кандидати за членство, но и остатокот од светот – додаде Мишел.
Санчез, од своја страна, истакна дека на 1 јули кога беше во посета на Киев ми порачал на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека за шест месеци сите членки и институции на ЕУ ќе го поддржат членството на Украина во Унијата и конечно на крајот на претседавањето на Шпанија со Унијата, вчера е донесена таква одлука.
Тој додаде дека посветеноста на проширувањето не се однесува само на Украина, туку и на Молдавија, на земјите од Западниот Балкан, како и Грузија, доколку ги исполнат неопходните услови.
– Има многу земји што сакаат да се приклучат на европското семејство веќе подолго време и тоа ќе биде можно со поддршка и помош од ЕУ и европските институции – истакна Санчез, додавајќи дека и Романија и Бугарија се многу важни за Унијата и дека се надева оти наскоро ќе да се приклучат на Шенген зоната.