Советот на ЈО го усвои извештајот за работата на ЈОРМ
Советот на јавни обвинители, денеска, ја одржа 89. седница, на која го разгледуваше годишниот извештај за работата на Јавното обвинителство за 2022 година.
На седницата, јавниот обвинител Љубомир Јовески, претставувајќи го годишниот извештај рече дека Јавното обвинителството работи со една третина од предвидените јавнообвинителски работни места, односно функцијата јавен обвинител ја извршувале 174 јавни обвинители или 88 помалку од предвидените места. Тој вели од вкупно отворени 1.126 работни места, пополнети се само 385 работни места.
– Не се пополнети голем број јавнообвинителски места. Исто така не се пополнети голем број на јавно обвинителски службеници, коишто навистина се значајни во делот на остварувањето на функцијата на ЈО – рече Јовески, и додаде дека, пополнувањето со јавно обвинителски службеници ќе ја зајакне или ќе ја засили борбата во делот на организирање, не само организираниот криминал, но вкупно во делот на покажувањето на резултатите на Обвинителството во справувањето со криминалот.
Јавното обвинителството во текот на 2022 година постапувало против 18.928 полнолетни лица, како и против 1.006 малолетни лица. Обвинителството поднело пријави против 7.911 непознати сторители на кривични дела, додека пак, 13.421 незавршени предмети останале кај Обвинителството или некои други органи во текот на претходната година.
Според тоа, Обвинителствата во државата постапувале против вкупно 32.234 полнолетни сторители на кривични дела, од кои за 18.928 сторители пријавите се примени во претходната година, доколку пак, за 13.306 пријавите се префрлени за оваа година.
Јовески рече дека Обвинителството отворило истраги по допрен глас за 4 отсто од случаите, доколку пак, 13,1 отсто од случаите се должат на пријави од граѓаните. И покрај тоа што Обвинителството нема доволен број на обвинители, вели Јовески, успева да го совлада приливот на нови предмети и да го намали остатокот на предмети.
Советот констатираше дека загрижувачка е состојбата со кадри, односно загрижувачки е недостатокот на една третина кај јавните обвинители, како и две третини кај стручната служба. Евидентно е дека секоја година има помал прилив на пријави, така што од 2020 година до 2022 година, бројот на кривични пријави против познати сторители се намалува за 2.000 случаи годишно. Советот констатираше дека треба измени во методологијата на годишните извештаи, како и дека загрижувачки е податокот на уважени жалби против решенијата за отфрлени пријави, односно една четвртина од сработените предмети.
По скринингот на Европската Унија, покрај другите констатации за актуелните состојби во правосудниот систем на Македонија, каде што посочува за не етичкиот кодекс на јавните обвинители, особено во делот на неговите рестриктивни одредби, со кои се ограничува коментирање на било која одлука на Советот на јавните обвинители, Советот денеска изгласа измена на етичкиот кодекс.
На денешната седница, Советот исто така донесе одлука за престанок на функција јавен обвинител, поради исполнување на услови за старосна пензија, на Бодан Лазаревски, како и за Благоја Даскаловски од Јавното обвинителство во Струга.