ЗОШТО И КАКО ДА СЕ СПРЕЧИ ОСЛОБОДУВАЊЕТО МИКРОПЛАСТИКА ВО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Постојат две категории на микропластика: примарна и секундарна. Примарна микропластика се ситните честички дизајнирани за комерцијална употреба, како што е козметиката, како и микровлакна исфрлени од облека и текстил. Секундарна микропластика се честичките што произлегуваат од распаѓањето на поголеми пластични предмети, како што се на пример шишињата со вода и сокови. Токму последново е предизвикано од изложеноста на фактори на животната средина, главно сончевото зрачење!
Проблемот со микропластиката е што пластичните предмети од која било големина не се распаѓаат лесно на безопасни молекули. На пластиката може да ѝ бидат потребни стотици или илјадници години за да се распадне – а во меѓувреме предизвикува хаос врз животната средина Европската комисија донесе одлука да ја ограничи употребата на микропластика во форма на светки, која намерно се додава во козметиката и разните сјаеви, а поради што трговците подготвуваат промотивна продажба токму на такви производи. Оваа мерка не се однесува само на козметичката индустрија туку има и пошироки импликации. Сепак, во следните дваесетина дена новото правило ќе биде најзабележливо токму во трговијата со козметика.
ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА СО МЕРКИ
Новите мерки на Европската комисија имаат цел да спречат ослободување на околу половина милион тони микропластика во животната средина. Ќе биде забранета продажба на самата микропластика и производи на кои намерно се додава, а исто така и се испушта од нив при употреба. За оправдани случаи се применуваат отстапувања и преодни периоди, за да можат субјектите за кои важат новите правила да се приспособат.
За микропластиката се применува широка дефиниција – таа ги вклучува сите честички од синтетички полимери што се со големина помала од пет милиметри, а се нерастворливи и отпорни на распаѓање. Целта е да се намалат емисиите на намерно додадена микропластика од што е можно повеќе производи.
Некои од многуте вообичаени производи опфатени со ограничувањето се грануларни материјали за полнење што се користат во вештачки спортски површини, козметички производи во кои микропластиката се користи за различни намени, детергенти, омекнувачи, сјај, ѓубрива, производи за заштита на растенијата, играчки, лекови и медицински производи.
Првите мерки, како забраната за сјајот и микромонистата, ќе почнат да важат со стапувањето во сила на ограничувањето, за 20 дена. Во други случаи, забраната за продажба ќе се применува по подолг период, за да им се даде доволно време на засегнатите страни да развијат алтернативи.
Отстапувањата од забраната за продажба се однесуваат на производите што се користат во индустриски локации или кои не испуштаат микропластика, но нивните производители ќе мора да дадат упатства за правилна употреба и отстранување на овие производи за да се спречи ослободувањето микропластика.
ШТО Е МИКРОПЛАСТИКА
Микропластиката се ситни пластични честички што произлегуваат и од развојот на комерцијални производи и од распаѓањето на поголема пластика. Како загадувач, микропластиката може да биде штетна за животната средина и здравјето на животните.
Микропластика, како што имплицира името, се ситни пластични честички. Официјално, тие се дефинирани како пластика со дијаметар помал од пет милиметри (0,2 инчи) – помал дијаметар од стандардниот бисер што се користи во накитот. Постојат две категории на микропластика: примарна и секундарна.
Примарна микропластика се ситните честички дизајнирани за комерцијална употреба, како што е козметиката, како и микровлакна исфрлени од облека и друг текстил. Секундарна микропластика се честичките што произлегуваат од распаѓањето на поголеми пластични предмети, како што се шишињата. Овој дефект е предизвикан од изложеноста на фактори на животната средина, главно сончевото зрачење.
Проблемот со микропластиката е што пластичните предмети од која било големина не се распаѓаат лесно на безопасни молекули. На пластиката може да ѝ бидат потребни стотици или илјадници години за да се распадне – а во меѓувреме предизвикува хаос врз животната средина. На плажите, микропластиката е видлива како ситни разнобојни пластични парчиња во песок. Во морињата, океаните итн, микропластичното загадување често го консумираат животните.
Дел од ова загадување на животната средина е од ѓубре, истекување вода и од ветрови што носат пластика. Пластиката за еднократна употреба – пластичните предмети наменети да се користат само еднаш, а потоа да се фрлат, како што е сламката (цевчето за пиење сок, на пример) – се примарен извор на секундарна пластика во околината.
Откривање микропластика
Во 2004 година професорот Ричард Томпсон (OBE FRS) и неговиот тим беа првите што покажаа дека микропластичните честички се акумулирале во океаните од 1960-тите и сега се глобално присутни во нашите мориња. Нивната работа покажа дека микропластични остатоци сега се наоѓаат во значителни количества на оддалечени локации, како што се длабокото море и Арктикот, и дека тие им штетат на низа морски организми што ги голтаат овие парчиња.
Микропластиката е откриена кај морските организми, од планктони до китови, во комерцијалните морски плодови, па дури и во водата за пиење. Алармантно, стандардните капацитети за третман на вода не можат да ги отстранат сите траги од микропластиката. За дополнително да се комплицираат работите, микропластиката во океанот може да се поврзе со други штетни хемикалии пред да бидат проголтани од морските организми.
Научниците сè уште не се сигурни дали консумираната микропластика е штетна за здравјето на луѓето или животните и, ако е така, какви специфични опасности може да претставува. И покрај тоа, многу земји преземаат активности за намалување на микропластиката во животната средина. Резолуцијата на Обединетите нации од 2017 година се однесува токму на микропластиката и потребата од регулативи за намалување на оваа опасност за нашите океани, нивниот див свет и здравјето на луѓето.
Како да ја спречиме
Микропластиката ја има насекаде. Но постојат лесни активности што, според експертите, може да се преземат за да се намали индивидуалното микропластично загадување.
Додека големи количества микропластика веќе постојат во животната средина, нови честички се генерираат секојдневно. Ова можеби не е изненадување, засновано на масовното зголемување на производството и употребата на пластика, бидејќи за првпат беше воведено во средината на 1900-тите.
Годишното количество на пластика произведено во 1950 година изнесувало 1,5 милион тони, а до денес се произведени над 300 милиони тони.
Студијата на Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN), која го објави зголемувањето на производството на пластика, исто така ги разгледа главните извори на примарни микропластики.
35% синтетички текстил
28% гуми
24% градска прашина
7% ознаки на патиштата
2% производи за лична нега
0,3% пластични пелети
Експертите советуваат купување органска облека, произведена од природни материјали, како што се памук, свила, волна, коноп и друго. Синтетичката облека, како што е полиестерот, има огромен придонес во микропластиката. Кога е можно, изберете поеколошка, одржлива облека направена од органски материјали.
Сите видови материјали ќе произведат одредено ниво на микрофибер, но микрофиберите од природен материјал, како памукот, имаат тенденција да останат поголеми од оние од синтетички материјали. Тоа е затоа што памучните влакна често се заплеткуваат, создавајќи поголеми парчиња влакненца што не се ослободуваат лесно во воздухот.
И перењето алишта има големо влијание во загадувањето со микропластика. Облеката добива дополнителна доза на абење и кинење кога поминува низ машината за перење и сушење. Микровлакна од сите видови материјали се генерираат во машините за перење и сушење, но најзагрижувачки се микропластиката од полиестер и други синтетички материјали.
Машините за сушење генерираат околу 40 пати повеќе микрофибер од машините за перење, при што една машина за сушење за домаќинство ослободува до 120 милиони микрофибер во воздухот секоја година. Токму затоа експертите препорачуваат сушење на облеката на природен начин, односно на воздух.
И користењето пластика за еднократна употреба е еден од главните загадувачи. Овој предмет на крајот се распаѓа, создавајќи секундарна микропластика, која го наоѓа својот пат во околината. Ќе најдете еден тон пластика што се користи во малопродажната индустрија, особено кога станува збор за пластични ќеси. Избегнувајте пластика за еднократна употреба.
Козметиката во својот состав има микропластика, па затоа експертите советуваат да се избегнуваат производи што имаат состојки како што се полиетилен, скратено PE; полипропилен, скратено ПП; полиетилен терефталат, форма на полиестер, скратено PET или PETE; полиметил метакрилат, скратено PMMA; најлон.
Одлучете се за одржлива козметика и производи за домаќинство што нудат алтернативни состојки, често наведени како „природни алтернативи“ на микромониста.
И секако користете јавен или алтернативен превоз, бидејќи, според анализите, автомобилските гуми се главен извор на микропластика, сочинуваат 28 отсто од микропластиката што се наоѓа во океанот. Гумите се распаѓаат при возење, плакнејќи ги ситните честички во околината. Колку помалку автомобили на патот, толку помалку гуми таму испуштаат микропластика. Возење со автобус, воз или друга форма на јавен превоз може да ги намали овој тип на ерозија на гумите и загадувањето со пластика бидејќи извлекувате еден автомобил помалку од патот (својот). Кога е можно, исто така може да одлучите да пешачите, да возите велосипед или да користите скутер или друго средство за личен превоз.
И дома треба редовно да се чисти ако сакаме да го намалиме загадувањето со микропластика. Забележителни 39 отсто од честичките прашина низ домот се составени од микропластика. Можете да го намалите тоа количество со одржување на вашиот дом колку што е можно свеж и чист.