Нема повредени во пожарот во кој ноќеска изгоре пицерија во трговскиот центар „Чаирчанка“ во Скопје.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека пожарот е пријавен околу 4 часот утрово од случаен минувач.
Во гаснење на пожарот интервенирале екипи на Бригадата за противпожарна заштита. Повредени лица нема, а пицеријата целосно изгорела.
Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.