Фото: Маја Јаневска-Илиева

Попладнево се одржа протест на лицата со дијабетес.

„Да им го олесниме детството“ е пораката која на испишан транспарент ја испратија лицата со дијабетес на денешниот протест пред Министерството за здравство. Насобраните граѓани побараа законски измени со кои ќе се олесни набавката на потребните помагала и терапии.

-Да имаме право на избор како сите други европски земји сами да набавиме помагала кои ни требаат. Терапијата повторно ќе оди како досега, но без каснење. Да се сменат законите за јавни набавки, сите хронични болести и дијабетесот да не зависат од рокови и поединци. 45.000 луѓе, 113.000 семејства не може да чекаат дали ќе му текне на министерот да поптише или не – порача претседателот на Сојузот на здруженија на дијабетичари, Диме Велев.

Велев вели дека се задоволни од средбата со министерот Фатмир Меџити бидејќи изразил уверување дека повеќе нема да има доцнење во набавките. Сепак, најави дека ќе го „држат“ за збор бидејќи седум месеци поминувале низ тешки искуства оставени без потребните терапии и апарати.

Како што информираа организаторите на протестот, ова е мирен предупредувачки протест за безбеден и мирен живот на лицата со дијабет.

ФОТО: Маја Јаневска- Илиева