Со одлука на американскиот уставен суд се укинаа програмите за прием на „Харвард“ и Универзитетот во Северна Каролина, кои користеа позитивна дискриминација за да се зголеми бројот на афроамериканските и латиноамериканските студенти. Во образложението на одлуката, претседателот на Уставниот суд, Џон Џ. Робертс, нагласи дека студентите треба да бидат третирани врз основа на нивните искуства како индивидуи, не врз основа на расата. Дополнително, за издвојување е дека „позитивната дискриминација може да доведе до намалување на можностите за другите во општеството, како и нарушување на меритократскиот принцип, односно кога не се земаат предвид талентот, напорот и достигнувањата туку идентитетот при прием во образованието или вработување во државните институции, но и приватни компании“
САД како пример за општество во кое владее принципот на меритократија:
Изразот позитивна дискриминација подразбира спроведување т.н. „специјални мерки“ или „позитивни мерки“ што имаат цел да поттикнат поголема еднаквост преку поддршка на одредени групи, со намера тие да имаат сличен пристап до можностите како и другите во општеството. Но позитивната дискриминација во суштина е спротивна дискриминација, со што може да доведе до нарушување на основните човекови права. Експертите предупредуваат дека досегашните политики на позитивна дискриминација, како што е рамковниот договор, од кој произлегува правото на правична и соодветна застапеност, не смее да прерасне во чиста дискриминација. Во оваа конотација беа и критиките кон најавата за вработувањата од 31,54 отсто врз основа на етничката припадност во државните институции или најавата за субвенционирање вработувања во приватни компании врз основа на етничкиот клуч. Меѓутоа, на светско ниво се забележуваат одредени тенденции што отклонуваат од постојните политики на позитивна дискриминација. Последен таков пример е одлуката на американскиот уставен суд, кој ги укина програмите за прием на „Харвард“ и Универзитетот во Северна Каролина што користеа позитивна дискриминација со цел да се зголеми бројот на афроамериканските и латиноамериканските студенти. Во образложението на одлуката, претседателот на Уставниот суд, Џон Џ. Робертс, нагласи дека студентите треба да бидат третирани врз основа на нивните искуства како индивидуи, не врз основа на расата. Дополнително, за издвојување е дека „позитивната дискриминација може да доведе до намалување на можностите за другите во општеството, како и нарушување на меритократскиот принцип, односно кога не се земаат предвид талентот, напорот и достигнувањата туку идентитетот при прием во образованието или вработување во државните институции, но и приватни компании“.
Идентитетот контра талентот и достигнувањата
На светско ниво се забележливи тенденции што се спротивни од т.н. позитивна дискриминација. Последен таков пример е одлуката на Врховниот суд на Соединетите Американски Држави, кои ги укинаа програмите за прием на „Харвард“ и Универзитетот во Северна Каролина што при приемот на студенти користеа позитивна дискриминација со намера да се зголеми бројот на афроамериканските и латиноамериканските студенти. По донесувањето на одлуката, претседателот на американскиот Уставен суд нагласи дека студентите треба да бидат третирани врз основа на нивните искуства како индивидуи, не врз основа на расата.
– Многу универзитети веќе предолго време го прават спротивното. И правејќи го тоа, тие заклучија, но погрешно, дека темелникот на идентитетот на индивидуата не се поквалитетни предизвици, поизградени вештини или научени лекции туку бојата на нивната кожа. Нашата уставна историја не толерира таков избор – кажа уставниот судија Џон Џ. Робертс.
Слично на оваа констатација, Томас Соул (американски економист, филозоф, политички коментатор, социјален критичар и автор, како и соработник во институцијата „Хувер“ на универзитетот „Стенфорд“) во својот труд „Афирмативна акција низ светот: емпириска студија“ вели дека крајната цел на позитивната дискриминација е недостижна, истовремено таа се заснова на погрешната претпоставка дека непропорционалното претставување е нужно предизвикано од дискриминаторски третман.
– Секоја одредена група е обврзана да се разликува во просек од која било друга група – на различни начини и од различни причини, вклучувајќи ги просечните групни разлики во вештините, ставовите или однесувањето. Освен тоа, разликите меѓу поединците се секогаш поголеми од просечните разлики меѓу групите. Затоа, вештачкото зголемување или намалување на можностите на поединците врз основа на нивните групни идентитети е и нелогично и морално сомнително – вели Томас Соул.
Според овој американски интелектуалец, политиките на позитивна дискриминација предизвикуваат правна загриженост и не е изненадувачки што тие ретко ги даваат посакуваните резултати, честопати повредувајќи ги токму луѓето на кои наводно им помагаат, додека ги намалуваат можностите за другите. Томас Соул исто така забележува дека преференциите на идентитетот создаваат демотивација, најпрво кај групата што е опфатена со позитивната дискриминација во смисла дека не е потребно вложување максимален капацитет и труд, додека кај групата што е исклучена со позитивната дискриминација се предизвикува демотивација дека вложениот трудот и капацитет се залудни.
Томас Соул исто така вели дека една од најнепосакуваните последици поврзани со позитивната дискриминација се „социјалните загуби поради меѓугрупна огорченост“, со што доаѓа до кинење на општественото ткиво. Тој ги припишува таквите незадоволства, не на „меѓугрупниот пренос на бенефиции“ само по себе, туку на „основата на таквите трансфери“.
Повеќето македонски граѓани се против вработувањето по етнички клуч
Ако се земат предвид укажувањата на светските експерти, очигледно е дека некои од најавените политики на македонските институции, како што беа новиот балансер според кој 31,54 отсто треба да бидат Албанци во јавните установи или субвенционирање на вработувањата во приватни компании по етнички клуч, се во спротивност со глобалните текови. Во изминативе години имаше најава за усогласување на вработувањата по етничка линија откако министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити изработи нов балансер. До институциите стигнало писмо од Министерството во кое се наведувало дека во планот за вработувањата од наредната година 31,54 отсто треба да бидат Албанци.
Новиот балансер, според кој 31,54 отсто од администрацијата треба да се Албанци, беше изработен по објавувањето на податоците од последниот пописот на населението. До оваа бројка се дошло така што на процентот на Албанци што живеат во земјава (24,3 отсто) бил додаден и процентот на оние што се запишале како Албанци во дијаспората, уште 5,2 отсто, или вкупно 29,54 отсто. Исто така кон оваа бројка биле додадени и два процента од лицата што не можеа да се најдат или го бојкотираа пописот, а беа административно попишани со вкрстување податоци, кои изнесуваат 7,2 отсто. Оваа пресметка беше во спротивност со Законот за вработените во јавниот сектор, според кој распределбата на бројот на новите вработувања по припадност на заедница се прави според податоците од последниот попис на населението што живее на територијата на Македонија. За оваа политика имаше реакција и од Државниот завод за статистика, од каде што предупредија дека при формирањето на балансерот за вработувања, единствена валидна категорија треба да биде бројот на резидентно население.
Од друга страна, постојат злоупотреби на позитивната дискриминација, а токму тоа го забележала антикорупциска комисија. Од оваа институција бил објавен оглас за вработување за 13 административни службеници, од кои двајца кандидати што конкурирале за неколку работни позиции за својата етничка припадност навеле онака како што се барало во огласот, иако тие не биле припадници на тој етникум. Во минатото исто така беа забележани голем број примери за вработувања во државните институции по етничка линија во кои Македонци се пријавувале како Албанци или Роми.
Доколку се земе предвид дека позитивната дискриминација се злоупотребува, но и дека може да доведе до намалување на можностите за другите, како и нарушување на меритократскиот принцип, односно кога не се земаат предвид талентот, напорот и достигнувањата туку идентитетот при прием во образованието или вработувањето, македонското општество треба да ги земе предвид искуствата и способностите на индивидуите, а не етничката припадност. Д.Ст.