Шест пара близначиња на лемури годинава се родија во скопската Зоололшката градина.
Во скопската зоолошка градина кај оваа група од Мадагаскар годинава имаше најмногу подмладоци, а особено е интересен податокот дека за првпат во една година се родиле шест пара близначиња, што е светски феномен, велат од скопската зоолошка.
Лемурите се еден од најзагрозените видови на светот, а зоолошката градина во Скопје придонесува за зголемување на бројот на овие единки чии природни живеалишта се повеќе се намалуваат.