Строги правила за туристите во едно од најпознатите туристички места во Европа сезонава
Едно од најпознатите туристички места во Европа сезонава воведува нови мерки за туристите. Употребата на куфери со тркала е забранета за да се спречи бучава!
Веќе на крајот на годината општината ќе постави задолжителни шкафчиња во градот каде што туристите ќе треба да го оставаат багажот при посетата на местото. Ова правило е дел од мерките наречени „Почитувај го градот“, кои ги спроведува Туристичката управа на Дубровник.
Од почетокот на годината, овој хрватски град има остварено 289.000 пристигнувања и 763.500 ноќевања, што е за 32 отсто повеќе во споредба со истиот период во 2022 година.
Властите во Дубровник предложија повеќе мерки што ќе помогнат во развојот на туристичкиот сектор.
За обележување е дека и Министерството за надворешни работи на Велика Британија неодамна ги ажурираше правилата за патување во Хрватска, кои вклучуваат забрана за спиење на јавни места, качување по споменици, консумирање алкохол во близина на училишта, тепачка, вербално насилство во пијана состојба. Тие исто така предупредија дека прекршоците што вклучуваат дрога се казнуваат со парични и затворски казни.
Од нашиот соработник од Хрватска, Ангел Митревски