Бугарија

Бугарската влада неодамна одлучи да забрани увоз на речиси 20 украински стоки, вклучувајќи го и житото, за периодот од 24 април до 30 јуни, по стапките на Унгарија, Полска и Словачка. Забраната ќе важи само за стоките што се затекнати на граница, а не за оние што транзитираат во други земји и се однесува на пченица, пченично брашно, семки од сончоглед и масло, пченка, мед и пчелни производи, млеко, ореви, лешници, јајца, пилешко месо, свинско, овчо и козјо месо, ‘рж, јачмен, овесни снегулки, сорго, леќа, скроб, соја, ленено семе, вино, вински оцет и етил алкохол.
– Принудени сме да ја усвоиме оваа национална мерка, бидејќи европските власти сè уште размислуваат за адекватен одговор на променетите околности на кои ги воведоа коридорите за солидарност – рече привремениот премиер Галаб Донев.
Осврнувајќи се на влијанието на таканаречените „солидарни коридори“ што комисијата ги спроведе за да обезбеди извоз на украинско жито, Донев укажа на значителните количества храна донесени во Бугарија што ги нарушија локалното производство и синџирите на снабдување, иако тоа беше спротивно на плановите на блокот. Тој додаде дека ако продолжи овој тренд, па дури и се зголеми, што е сосема реално по воведувањето слични забрани од други земји, можно е да има исклучително сериозни последици за бугарските бизниси.
– Бугарија практично го следеше примерот на три други земји со загриженост дека нашиот пазар е презаситен со земјоделски култури. Имаме производство во вредност од неколку милијарди и ако не преземеме мерки, ќе претрпиме загуби – рече привремениот министер за земјоделство Јавор Гечев.
Тој додаде дека забраната може да се смени доколку се промени ситуацијата и дека патеките за солидарност ќе останат отворени.

– Со други зборови, го задржуваме духот на барањето на ЕУ дека коридорите за солидарност треба да останат активни – рече Гечев, истакнувајќи дека неговата влада со нетрпение очекува да дебатира за ова прашање со другите земји-членки, Европската комисија или украинската влада.
Притоа тој укажа бугарските земјоделци да не ја злоупотребуваат одлуката бидејќи нема услови за поскапување.
Запрашан дали Бугарија ризикува санкции од ЕУ, Гечев рече: „Имаме доволно правни основи. Не станува збор за казнување, ние сме членка на ЕУ, а Бугарија во моментов се однесува така“.
Гечев со ентузијазам ги поддржа тридневните протести организирани од производителите на жито со барање забрана за увоз на Украина пред изборите во април, кога се качи на еден од тракторите што го блокираа сообраќајот на мостот Дунав меѓу Бугарија и Романија.
Бугарија доби 16 милиони евра компензација од ЕУ бидејќи дозволува извоз на украински жито и прехранбени производи да минуваат низ нејзината територија. Земјата побара уште 50 милиони евра како компензација, иако бугарските производители на жито добиваат стотици милиони евра директни субвенции од ЕУ.