Доларот е „суперсилата на Америка“. Тој му дава на Вашингтон политички и економски „мускули“ какви што нема ниту една друга земја во светот, и тоа на повеќе начини. На пример, САД можат сами да воведат санкции кон други земји и на тој начин да ги спречат тие земји да учествуваат во голем дел од глобалната економија. А кога САД трошат пари без ограничувања, знаат дека секогаш ќе има заинтересирани купувачи за нивниот јавен долг, пишува политичкиот коментатор Фарид Закарија во колумна за „Вашингтон пост“

Употребата на „доларот како оружје“ доведе до тоа многу земји да сакаат да ја намалат зависноста од таа валута

Санкциите против Русија и сè поагресивниот пристап на САД кон Кина доведоа до тоа овие две земји да ги засилат напорите да се „излечат“ од зависноста од американската валута. Нивните централни банки сè помалку ги чуваат заштедите во долари, трговијата меѓу нив главно се одвива во јуани, а како што нагласи Путин, ќе се обидат да ги убедат и другите земји да го сторат истото тоа, пишува политичкиот коментатор Фарид Закарија во колумна за „Вашингтон пост.

Сомневања дека еврото дури и ќе опстане како валута

Според мислењето на Фарид Закарија во колумна за „Вашингтон пост, администрацијата на претседателот Бајден е исклучително ефикасна во спроведувањето економска војна против Русија, градејќи коалиција за поддршка на Украина, која ги вклучува речиси сите развиени светски економии. Ова го отежнува оставањето на доларот и преминувањето кон други високоценети стабилни валути, како што се на пример еврото или фунтата или канадскиот долар, бидејќи тие земји ѝ се спротивставуваат на Русија.
Она што можеше да биде нагло намалување беше одлуката на поранешниот американски претседател Доналд Трамп да се повлече од нуклеарниот договор со Иран во мај 2018 година и да воведе нови санкции за таа земја.
Европската Унија, која остро се спротивстави на одлуката на Трамп, сфати дека поради доминацијата на доларот, Иран ќе остане отсечен од поголемиот дел од светската економија.
Ова го наведе тогашниот претседател на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, да предложи зајакнување на улогата на еврото во светската трговија, со цел „да се заштити континентот од опасните еднострани даноци“. Тоа не се случи, а сѐ уште постојат сомневања дека еврото дури и ќе опстане како валута, вели Закарија.

Доминацијата на доларот е длабоко вкоренета, но…

На глобализираната економија ѝ е потребна единствена валута за полесно и поефикасно да функционира.
Досегашните обиди на Кина да ја прошири употребата на јуанот во светската трговија не беа успешни. Ако претседателот Си сака да ја направи својата валута вистински конкурент на американскиот долар, тој би го либерализирал финансискиот сектор на Кина, но тоа би го ставило во позиција спротивна на неговите сопствени домашни политички цели, нагласува Закарија.
Употребата на доларот како оружје доведе до тоа многу земји да сакаат да ја намалат зависноста од валутата, со цел да бидат помалку ранливи на американските санкции. Уделот на доларот во вкупниот износ на пари што го чуваат централните банки низ светот падна од околу 70 отсто пред дваесет години на помалку од 60 отсто, а тој процент продолжува да опаѓа.
Европејците и Кинезите се обидуваат да изградат свои системи за плаќање надвор од СВИФТ, Саудиска Арабија размислува да наплатува нафта во јуани, додека Индија сега го прави најголемиот дел од увозот од Русија во други валути. Алтернатива би можеле да бидат и дигиталните валути, за кои размислуваат многу земји.
Сите овие алтернативи додаваат трошоци, но изминатите неколку години нè научија дека многу држави сѐ повеќе се подготвени да платат повисока цена за да ги постигнат своите политички цели.
Продолжуваме да бараме единствена замена за доларот, а нема да има. Но дали валутата може постепено да изумре? Се чини дека тоа е поверојатното сценарио. Како што истакна авторот и инвеститор Ручир Шарма, „во моментов, за првпат во моето сеќавање, имаме меѓународна финансиска криза во која доларот ослабе, а не зајакна“. „Се прашувам дали ова е показател за работите што доаѓаат“, рече Закарија.
Сето тоа функционира само поради уникатниот статус на доларот. Но ако тоа престане да биде така, Америка ќе се соочи со проблеми како никогаш досега! Р.Н.М.


Според колумната во „Вашингтон пост“, употребата на „доларот како оружје“ доведе до тоа многу земји да сакаат да ја намалат зависноста од валутата, со цел да бидат помалку ранливи на американските санкции. Уделот на доларот во вкупниот износ на пари што го чуваат централните банки низ светот падна од околу 70 отсто пред дваесет години на помалку од 60 отсто и тој процент продолжува да опаѓа.
Европејците и Кинезите се обидуваат да изградат свои системи за плаќање надвор од СВИФТ, Саудиска Арабија размислува да наплатува нафта во јуани, додека Индија сега го прави најголемиот дел од увозот од Русија во други валути