Договор за грант во висина од 91.000 американски долари вчера потпишаа министерот за култура Асаф Адеми и американскиот амбасадор Џес Бејли
Вчера во објектВчера во објектот „Чифте-амам“, при Националната галерија на Македонија, беше потпишан договор за доделување грант за санација на истиот објект, во висина од 91.000 американски долари, доделен од Амбасадорскиот фонд на САД за заштита на културата за 2018 година. Грантот е доделен за проектот „Санација на оштетувањата од влага (ентериер и екстериер), заштита од продор на атмосферска вода, заштита од УВ-зрачење и оградување на културното добро Чифте-амам“, на Националната галерија на Македонија, која годинава одбележува јубилеј – 70 години постоење. Договорот го потпишаа министерот за култура Асаф Адеми и американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли, во присуство на директорката на галеријата, Дита Старова Ќерими.
Директорката на Националната галерија на Македонија во своето обраќање истакна дека доделувањето на грантот претставува најголемо достигнување во менаџерската практика на галеријата и обезбедување небуџетски извор на средства. Таа потсети дека станува збор за втор грант доделен од страна на Амбасадата на САД во земјава, по првиот што беше доделен во 2010 година за реконструкција и изведба на дренажен канал на објектот „Даутпашин амам“. Реализацијата на проектот за санација на „Чифте-амам“, кој започна во јуни годинава, предвидено е да трае 18 месеци.
Министерот за култура Асаф Адеми укажа дека со потпишувањето на договорот продолжуваат заложбите за обезбедување долгорочност на постоење на објектот „Чифте-амам“, кој е репрезентативен споменик на културата и е во функција на мултимедијален изложбен простор. Тој, меѓу другото, потсети дека објектот беше доведен во опасност со поплавите во 2017 година, но рече и дека е убеден дека со грантот од САД објектот целосно ќе се заштити, со што и ќе му биде вратен и неговиот полн сјај.
Министерот Адеми посочи и дека со поддршка од Министерството за култура претходно беа извршени интервенции за промена на постојното осветлување и инсталација на ново галериско осветлување со најнова технологија, без штетни влијанија врз изложените артефакти.
Американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли, пак, потсети дека во изминатите години САД во Старата скопска чаршија ја поддржаа заштитата и на објектот „Даутпашин амам“, црквата „Свети Спас“ и на објектот „Сули-ан“. Според него, доделениот грант говори за вистинско партнерство меѓу Македонија и САД, а тој напомена и дека американската влада ќе продолжи да ја поддржува заштитата на културното наследство во земјава. К.Б.от „Чифте-амам“, при Националната галерија на Македонија, беше потпишан договор за доделување грант за санација на истиот објект, во висина од 91.000 американски долари, доделен од Амбасадорскиот фонд на САД за заштита на културата за 2018 година. Грантот е доделен за проектот „Санација на оштетувањата од влага (ентериер и екстериер), заштита од продор на атмосферска вода, заштита од УВ-зрачење и оградување на културното добро Чифте-амам“, на Националната галерија на Македонија, која годинава одбележува јубилеј – 70 години постоење. Договорот го потпишаа министерот за култура Асаф Адеми и американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли, во присуство на директорката на галеријата, Дита Старова Ќерими.
Директорката на Националната галерија на Македонија во своето обраќање истакна дека доделувањето на грантот претставува најголемо достигнување во менаџерската практика на галеријата и обезбедување небуџетски извор на средства. Таа потсети дека станува збор за втор грант доделен од страна на Амбасадата на САД во земјава, по првиот што беше доделен во 2010 година за реконструкција и изведба на дренажен канал на објектот „Даутпашин амам“. Реализацијата на проектот за санација на „Чифте-амам“, кој започна во јуни годинава, предвидено е да трае 18 месеци.
Министерот за култура Асаф Адеми укажа дека со потпишувањето на договорот продолжуваат заложбите за обезбедување долгорочност на постоење на објектот „Чифте-амам“, кој е репрезентативен споменик на културата и е во функција на мултимедијален изложбен простор. Тој, меѓу другото, потсети дека објектот беше доведен во опасност со поплавите во 2017 година, но рече и дека е убеден дека со грантот од САД објектот целосно ќе се заштити, со што и ќе му биде вратен и неговиот полн сјај.
Министерот Адеми посочи и дека со поддршка од Министерството за култура претходно беа извршени интервенции за промена на постојното осветлување и инсталација на ново галериско осветлување со најнова технологија, без штетни влијанија врз изложените артефакти.
Американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли, пак, потсети дека во изминатите години САД во Старата скопска чаршија ја поддржаа заштитата и на објектот „Даутпашин амам“, црквата „Свети Спас“ и на објектот „Сули-ан“. Според него, доделениот грант говори за вистинско партнерство меѓу Македонија и САД, а тој напомена и дека американската влада ќе продолжи да ја поддржува заштитата на културното наследство во земјава.