Сите за кои имаме сознанија, за кои има пријави, за кои има сериозни закани и имаме направено проценки дека треба да имаат обезбедување, се обезбедени, одговори денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на новинарското прашање дали се обезбедуваат пратениците и конкретно градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, кој пријави закани по неговото семејство.
– Градоначалникот Митко Јанчев има пријава дека има закани. Нивото на неговото обезбедување е патролно. МВР стои на располагање за секој еден кој има закани да обезбеди соодветно обезбедување – рече Спасовски на заедничката прес-конференција со директорот на Оперативно техничката агенција Зоран Ангеловски.
Потсети дека и Христијан Мицковски имал закани и му се дадени служби за обезбедување како претседател на опозиција.