Барања за промени на цените од 1 јануари во Регулаторна комисија за енергетика досега поднеле АД МЕПСО за пренос на струја, Електродистрибуција за дистрибуција на електричната енергија и ЕВН Хоме за универзално снабдување, а ако РКЕ ги прифати сите нивни барања, цената на струјата за домаќинствата и малите потрошувачи ќе се зголеми за четири проценти или за 4,72% ако се вкалкулира и враќањето на ДДВ-то од пет на десет отсто, вели Бислимовски.
Во следните неколку дена РКЕ ќе ги разгледа сите барања на компаниите и ќе донесе одлука дали ќе ја покачи цената за овој процент или ќе има помала корекција на цената во однос на периодот од јули до декември 2022.
– Досега барања поднесле АД МЕПСО за пренос на струја, Електродистрибуција за дистрибуција на електрична енергија и ЕВН Хоме за универзално снабдување на струја. МЕПСО имајќи во предвид дека денеска ќе биде тендерот за електрична енергија, оди со цена за набавка на загуби до 220 евра за мегават-часови и во своите калкулации побарал зголемување на цената за пренос на електрична енергија од 29,75 отсто, истакна Бислимовски
Количните за технички загуби на струја во дистрибутивната мрежа се обезбедени од ЕСМ по цена од 110 евра за мегават-час и врз основа на тоа ЕВН Дистрибуција бара намалување за нејзината услуга од 2,8%.
ЕВН Хоме за првите шест месеци од 2023 распиша тендер за набавка на електрична енергија на кој единствен понудувач е АД ЕСМ со цена од 56 евра за мегават/час. Потребите за увоз на струја за домаќинства и мали потрошувачи. Ова е зголемување од 16,67 отсто во однос на претходната цена.
– Со фактот што нема увоз на струја и дополнително што трошокот за обновливи извори е префрлен на слободниот пазар за да им се помогне на тие компании таму, просечната набавна цена на регулирануиот пазар за малите потрошувачи и домаќинствата споредено со претходната одлука има зголемување од само пет проценти. Уште од сега можам да потврдам дека трошокот за дистрибуција на електрична енергија ќе биде намален, а блоковите ќе останат исти засега – рече Бислимовски на прес-конференција.
Тој ја искористи можноста да им се заблагодари на луѓето во ЕСМ и на вработените во ТЕЦ Неготино затоа што производствен капацитет од 1979 година успеале после 43 години да го активираат и денеска да работи со двата котли.