Биографијата на украинскиот претседател нуди детали од неговиот политички ангажман
До неговата одлука да се кандидира за претседател на Украина на изборите во 2019 година, Владимир Зеленски главно беше отсутен од политичката историја на неговата држава, пишува „Форин полиси“, пренесувајќи детали од биографијата на украинскиот претседател. Тој немаше улога во двата бунта што го потресоа плоштадот „Мајдан“ во Киев во првите две децении од 21-от век – портокаловата револуција во 2004 и 2005 годна и судирите во 2014 година. Зеленски не го отслужи ниту воениот рок, поради што се соочуваше со критики од неговите политички противници.
Затоа не би очекувале нова биографија на украинскиот лидер да објасни како Зеленски ја помина транзицијата од успешен комичар до фален воен лидер, заедно со споредбите со славниот британски премиер Винстон Черчил.
Тоа не го овозможува биографијата на Зеленски од украинскиот новинар Сергеј Руденко. Книгата од 200 страници излезе на украински јазик минатата година, пред да избие војната со Русија. Авторот додаде одредени настани на неодамна објавената верзија на англиски, за да прикажат своевиден портрет на Зеленски додека ја зазема претседателската функција.
Негов прв предизвик при влез во политиката беше да го убеди народот дека е сериозен. За таа цел Зеленски ја покрена кампањата со слоганот „Не се шегувам“. Дури и дел од советниците на Зеленски не сметале дека тој има шанса да стане претседател, според Руденко.
Збунетото однесување што Руденко го опишува, го следеше Зеленски и на меѓународната сцена. Тој изгледаше вчудоневидено кога на прес-конференција во септември 2019 година тогашниот американски претседател Доналд Трамп се обиде да ги „испере“ напорите за притисок врз украинскиот претседател да ги истражи деловните потфати на семејството Бајден во Украина.
Зеленски првично мислеше и дека би можел да се справи со Путин во дипломатијата „еден на еден“. А до избивањето на војната многумина Украинци не му даваа ни преодна оценка во испитувањата на јавното мислење, посочува американскиот магазин.
– Тој мораше бргу да сфати на што се нафати. А тогаш ќе имаше потполно различен Зеленски. Мислам дека тој уште не разбира во потполност како нештата функционираат, на локално или на централно ниво. Тој стана заложник на системот – објаснува украинскиот политички стратег и гувернер на Луганск, Сергеј Хајдаи.
Почнувајќи од 24 февруари годинава, ние откривме потполно различен Зеленски, пишува Руденко во првите страници од биографијата.
– Маж што не се плаши да го прифати предизвикот на Путин и да стане лидер на отпорот на руската агресија. Претседател кој успеа во оваа борба да ги обедини неговите поддржувачи и противници, корумпираните претставници на власта и борците против корупцијата, децата и возрасните, луѓето од различни националности и вери… Лидер кој е пречекан со аплауз во европските парламенти и во американскиот Конгрес – наведува авторот во биографијата на Зеленски.
Во целата приказна, сепка, недостасува увид во начинот на размислување на Зеленски во неколкумесечниот период пред војната, кога повикуваше на смиреност и се противеше на прогнозите на американското разузнавање што предупредуваа на руска инвазија на Украина, заклучува „Форин полиси“.
Впечатоците на Руденко претставуваат приказ на одреден временски период што не е комплетен, додека иднината на Украина се одлучува на бојното поле. Политичката едукација на Зеленски од „медениот месец“ до препирките со неговите најблиски соработници несомнено ќе влијае на неговото водство во текот на воениот период.