На Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ примени се тројца полесно повредени полицајци од протестите против францускиот предлог што вечерва се одржаа пред Собранието, потврди за МИА директорката на Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски, Нермин Шаќири.
– Бидејќи не работат рендген апаратите, полициските службеници се препратени во Клиничкиот центар на снимање, но немаат сериозни повреди – вели Шаќири.
Претходно, припадници на полицијата од терен за МИА изјавија дека покрај тројца повредени припадници на МВР, оштетено е и полициско возило.