Премиерот Димитар Ковачевски тврди дека во европскиот предлог има дефинирани позиции за прифаќање на македонскиот јазик. Во предлогот, македонскиот јазик е чист, еднаков како другите јазици, без фусноти и ѕвездички. Со францускиот предлог, според Ковачевски, историјата, јазикот и идентитетот се заштитени. Пред јавноста и натаму тврди дека протоколот со кој се исполнуваат бугарските желби, не е дел од преговарачката рамка. Пред јавноста, тој го повтори тоа што денови претходно го говори. Ковачевски повика да се прифати предлогот, иако невладини организации, македонисти, граѓани на протести повикаа да се одбие.
Добивај вести на вибер
– Наша обврска ќе биде да работиме на добрососедските односи, со исполнување на Договорот за добрососедство. Протоколот меѓу С. Македонија и Бугарија не е нотиран во преговарачката рамка. Европскиот предлог и протоколот се два различни, неповрзани процеси. Преговарачкиот процес ќе можеме да ги реализираме без одлагање. Овој конечен предлог, овозможува безусловен старт на преговорите – додава Ковачевски.
„Главната тема за мене е отворената широка консултација за искористување на една од најповолните позиции во која некогаш сме се наоѓале за остварување на најважната стратешка цел, тоа е влезот во ЕУ. Со сите разговараме за предлог во кој се вклучени забелешките низ јасно изразени ставови. Предлогот со сите документи е јавно објавен, а ќе биде објавен и билатералниот протокол со Р. Бугарија. Сакам да изразам благодарност за поддршката која ја добиваме од ЕУ, САД и останатите наши соседи за модифицираниот предлог, за преговарачката рамка. Овој предлог е основа на важното прашање за обезбедување на она што го чекаме. Предлогот е во целост со резолуцијата во Собранието, што покажува дека Владата, јас како премиер ги застапуваме позициите дома и надвор. Тоа државничко однесување вроди со плод“, посочи Ковачевски.
Билатерланите прашања се надвор од преговарачката рамка, повтори одново Ковачевски.