ВТОРА НАГРАДА – Ангела Алексовска, прво одд.

Наградени најдобрите учесници на конкурсот на Сојузот на просветните работници на Македонија, кои цртаа и пишуваа за Гоце Делчев

Со­ју­зот на про­свет­ни­те ра­бот­ни­ци на Ма­ке­до­ни­ја, по по­вод 150-го­диш­ни­на­та од ра­ѓа­ње­то на ма­ке­дон­ски­от ре­во­лу­ци­о­нер и гoлем стра­тег за ма­ке­дон­ски­от на­род, Го­це Дел­чев, пред из­вес­но вре­ме рас­пи­ша на­гра­ден ли­те­ра­ту­рен и ли­ко­вен кон­курс за ос­нов­ци и за сред­но­школ­ци, кој раз­бу­ди го­лем ин­те­рес.
Пра­во на учес­тво имаа си­те уче­ни­ци во зем­ја­ва, по­де­ле­ни во че­ти­ри ка­те­го­рии.
Те­ма­та на ко­ја тво­реа та­лен­ти­ра­ни­те уче­ни­ци гла­се­ше: „Го­це Дел­чев – го­лем хе­рој и за­штит­ник на сво­јот ма­ке­дон­ски на­род“ (во две ка­те­го­рии: пр­ва­та ка­те­го­ри­ја за уче­ни­ци од че­твр­то до ше­сто од­де­ле­ние, а вто­ра­та ка­те­го­ри­ја од сед­мо до де­вет­то од­де­ле­ние) и „Го­це Дел­чев – го­лем хе­рој, стра­тег и иде­о­лог за ма­ке­дон­ски­от на­род“ (за уче­ни­ци од сред­но­то обра­зо­ва­ние).
Се­кое учи­ли­ште мо­же­ше да учес­тву­ва са­мо со ед­на до две нај­до­бри твор­би во се­ко­ја ка­те­го­ри­ја, на­пи­ша­ни во по­е­зи­ја или во про­за.
Исто та­ка, уче­ни­ци­те од дру­ги­те за­ед­ни­ци на на­ша­та др­жа­ва учес­тву­ваа на кон­кур­сот со твор­би на сво­јот мај­чин ја­зик, за­дол­жи­тел­но пре­ве­де­ни на ма­ке­дон­ски ли­те­ра­ту­рен ја­зик.

Во ли­ков­ни­от дел уче­ни­ци­те тре­ба­ше да цр­та­ат на те­ма­та: ка­ко го за­мис­лу­вам (сли­ко­ви­то) ли­кот на ма­ке­дон­ски­от ре­во­лу­ци­о­нер Го­це Дел­чев (за уче­ни­ци од ос­нов­но обра­зо­ва­ние до тре­то од­де­ле­ние); Го­це Дел­чев – го­лем хе­рој и за­штит­ник на сво­јот ма­ке­дон­ски на­род (во две ка­те­го­рии: пр­ва ка­те­го­ри­ја за уче­ни­ци од че­твр­то до ше­сто од­де­ле­ние, а вто­ра ка­те­го­ри­ја од сед­мо до де­вет­то од­де­ле­ние) и Го­це Дел­чев – го­лем хе­рој, стра­тег и иде­о­лог за ма­ке­дон­ски­от на­род (за уче­ни­ци од сред­но обра­зо­ва­ние).
Кон­кур­сот бе­ше отво­рен на 1 март, а зак­лу­чен на 15 март го­ди­на­ва. Ко­ми­си­ја­та ги разг­ле­да при­стиг­на­ти­те твор­би и на 30 март по еле­ктрон­ски пат се одр­жа со­ста­нок и бе­ше до­не­се­на од­лу­ка за до­де­лу­ва­ње на­гра­ди на ли­ков­ни и ли­те­ра­тур­ни твор­би на уче­ни­ци­те учес­ни­ци.

Ко­ми­си­ја бе­ше во со­став: Ли­ла Ар­со­ва – пре­тсе­да­тел­ка; м-р Љуп­ка Стој­ме­но­ва – за­пис­ни­чар­ка; Ше­ри­фе Али­ли – член­ка; Вес­на На­сто­ска – член­ка; и м-р Вес­на Бо­шков­ска.

По вред­ну­ва­ње на ли­ков­ни­те и ли­те­ра­тур­ни­те твор­би, Со­ју­зот до­де­ли на­гра­ди за 15 твор­би, ви прет­ста­ву­ва­ме не­кои од нив.

На­гра­де­ни од че­твр­то до ше­сто од­де­ле­ние:

Кам­ба­ни­те би­јат

Кам­ба­ни­те би­јат, ѕво­на­та ѕво­нат.
Абер одек­на од Ку­ку­ша гра­да,
ју­нак се ро­ди, ју­нак ма­ке­дон­ски,
хра­бар и му­дар, горд Еге­ец.
Кам­ба­ни­те би­јат, ѕво­на­та ѕво­нат.
Ни­ко­ла е сре­ќен, Сул­та­на е гор­да.
Син ни се ро­ди, син ма­ке­дон­ски.
Од скром­но се­лан­че, до од­ли­чен уче­ник,
од од­ли­чен уче­ник, до хра­бар бо­рец.
Со сво­ја­та му­дрост, на­ро­дот го спло­ти,
за единс­тве­на цел, за сло­бод­на
Ма­ке­до­ни­ја.
Во бор­ба ги по­ве­де по­ро­бе­ни­те
Ма­ке­дон­ци,
во бор­ба за сло­бо­да и сво­и­те пра­ва.
Би­тки се во­деа – по гра­до­ви и се­ла,
пла­чеа мај­ки по сво­и­те че­да.
А, да­ска­лот наш, слав­ни­от Го­це,
со сво­ја­та дру­жи­на че­ко­ре­ше сме­ло,
од Пи­рин Пла­ни­на, до Со­лу­на гра­да –
по ви­со­ки пла­ни­ни и ши­ро­ки по­ли­ња.
И ко­га аске­рот бе­ше ско­ро на ко­ле­на,
жал­на вест одек­на од се­ло Ба­ни­ца.
Во те­шка бор­ба за сло­бо­да на­ша,
за­ги­на Го­це, ико­на на­ша.

Пр­ва на­гра­да: Ма­ри­ја Ива­нов­ска,
ше­сто од­де­ле­ние ПООУ „Илин­ден“, с. Ко­ноп­ни­ца, Кри­ва Па­лан­ка
Мен­тор­ка: Ди­ја­на Или­ев­ска

На­гра­де­ни од сед­мо до де­вет­то од­де­ле­ние:

Де­вет­сто­ти­ни и тре­та

Де­вет­сто­ти­ни и тре­та …
Де­вет­сто­ти­ни и тре­та, прок­ле­та!
Де­вет­сто­ти­ни и тре­та, а мо­же­ше да би­де све­та, нај­све­та!
Го­ди­на таж­на. Го­ди­на цр­на.
Слав­ни­от ју­нак таа ни го зе­де!
Бе­страш­ни­от хе­рој и не­го ни го зе­де!
И за­штит­ни­кот хра­бар ти ни го зе­де!
Чуј Ба­ни­це што ќе те пра­шам:
– Та­гу­ваш ли, се сра­миш ли
Зо­што Дел­чев го пре­да­де ти?!
Ју­нак над ју­на­ци што зем­ја род­на бра­нел
за­рем не мо­же­ше да го за­шти­тиш ти?
Кни­га бе­ла чи­ниш цр­но пис­мо
за не­го чи­там,
Ем да чи­таш ем да пла­чеш.
Воз­див­ну­вам и ка­ко пред очи да го гле­дам
Ис­пра­вен, горд, за сло­бо­да ре­шен
жи­вот да да­де,
со мис­ла чи­ста и жел­ба ед­на,
единс­тве­на, иста
СЛОБОДА!
А око­лу цр­ве­но цр­на бо­ја
Тре­пет и ни­јан­си
Цр­ве­на­та из­грев, коп­неж, оган…
И жи­вот и хра­брост и крв
Се то­чи ко ви­но ко смрт
И усви­те­на жар. До­бро е!
Кри­шум но­ва на­деж тлее.
Де­но­ви, ме­се­ци, го­ди­ни по­ми­наа
А Да­ска­лот еве го и де­нес е ту­ка,
жи­вее тој, во ме­не, во те­бе, во си­те нас
Во се­кое ср­це, во се­ко­ја ду­ша
Не­го­ви­от лик,не­го­во­то де­ло,
не­го­ва­та сен­ка
амај­ли­ја е, нѐ сле­ди од дам­ни­на
до веч­но­ста
Ка­ко сим­бол на бор­ба­та и не­по­ко­рот
на ма­ке­дон­ски­от род!

Пр­ва на­гра­да: Са­шка Бил­би­лов­ска,
де­вет­то одд. ОУ „М.К.Ата­турк“
– Го­сти­вар
Мен­тор­ка: Ви­о­ле­та Та­не­ска

На­гра­де­ни во ка­те­го­ри­ја­та за сред­но обра­зо­ва­ние:

Го­це Дел­чев – го­лем хе­рој, стра­тег
и иде­о­лог за ма­ке­дон­ски­от на­род

Го зна­е­те ли она чув­ство ко­е­што ви ка­жу­ва ка­де при­па­ѓа­те? Чув­ство­то што ви го рас­тре­пе­ру­ва це­ло­то те­ло, ви го об­ли­ва ср­це­то со топ­ли­на и ви го за­маг­лу­ва пог­ле­дот? Да, таа неж­ност и уба­ви­на. Она за што вре­ди да се жи­вее. Го пре­поз­на­вте? Чув­ство­то на при­пад­ност – не­ра­скин­ли­ва од ки­ло­ме­тар вид­ли­ва вр­ска ме­ѓу по­е­ди­не­цот и ме­сто­то ка­де што се ро­дил и израс­нал. Тој па­три­о­ти­зам што тлее во нас не се стек­ну­ва.
Се ра­ѓаш, рас­теш, за­ми­ну­ваш од гнез­до­то, те зас­ле­пу­ва сон­чев зрак, те га­ли то­пол ве­трец, го до­стиг­ну­ваш вр­вот на сво­ја­та кре­а­тив­ност, сре­ќен си, но праз­ни­на­та во те­бе ти го при­ти­ска ср­це­то ка­ко да ќе експ­ло­ди­ра во се­кој мо­мент. На­ста­пу­ва безг­лас­на експ­ло­зи­ја што те ра­ну­ва са­мо те­бе, а ти, не­све­сен, се оби­ду­ваш да ја под­не­сеш. За­луд­но е. Ка­де и да одиш, не мо­жеш да из­бе­гаш. Сфа­ќаш де­ка тре­ба да се вра­тиш на бој­но­то по­ле и да се бо­риш за сво­е­то.
„Де­ло­то на ос­ло­бо­ду­ва­ње­то на еден на­род е пред сè не­го­во сопс­тве­но де­ло, на не­го­ви­те сопс­тве­ни ра­це“, ре­кол Го­це Дел­чев, нај­го­ле­ми­от хе­рој ме­ѓу хе­ро­и­те. Чо­век што ни­ко­гаш не го на­пу­шти­ла мис­ла­та да го за­др­жи она што му при­па­ѓа на кул­ту­рен и до­сто­инс­твен на­чин. Чо­век на кој тре­ба се­кој да се ог­ле­да. Жи­вее за та­тко­ви­на­та. Не доз­во­лу­ва да го пов­ле­чат кан­џи­те на пре­дав­ство­то што со се­бе но­си ка­е­ње. Со­зре­ва, тру­деј­ќи се да го вра­ти од­зе­ме­но­то, да го за­др­жи пре­о­ста­на­то­то и да го за­чу­ва уг­ле­дот на бра­ќа­та. Го за­мис­лу­ва све­тот ка­ко по­ле за кул­ту­рен нат­пре­вар ме­ѓу на­ро­ди­те. Ги не­ги­ра его­из­мот, под­мол­но­ста и алч­но­ста, иа­ко не го оста­ва­ат на­ми­ра. Со еден збор, тој е чо­век што во се­бе чу­ва бо­гат­ство вред­но за це­ли­от свет.
Бо­ли. На­ви­сти­на бо­ли ко­га гле­даш ка­ко она од што си дел по­ле­ка се рас­па­ѓа пред тво­и­те очи. Уште по­бол­но е ко­га не мо­жеш да сто­риш ни­што. Но што ќе ти е жи­во­тот ако не се оби­деш да го спа­сиш она што ти би­ло под­др­шка ко­га си па­ѓал, ко­га си се ра­ду­вал? Што ќе ти е жи­во­тот ако го из­гу­биш за­се­ко­гаш она чи­е­што име со гор­дост го из­го­ва­раш?
…….
Не се знае да­ли ќе ус­пе­е­ме. Не се знае да­ли по­втор­но ќе се нас­ме­е­ме. Но ги зна­е­ме де­но­ви­те ко­га на­ши­от ју­нак, Го­це, ју­нач­ки се бо­рел, тр­пеј­ќи бол­ка, тре­пе­реј­ќи од страв да не про­гол­та цр­на­та зем­ја не­чиј брат, та­тко, син, не­чиј хе­рој. И, са­мо ни оста­ну­ва да се гор­де­е­ме, да го раз­го­ру­ва­ме ог­нот на на­деж­та, кој би се из­га­сил со не­кол­ку кап­ки во­да, онаа што да­ва жи­вот, но и онаа што е ви­нов­на за праз­но­то и мир­но мо­ре, оса­ме­но без ни­ту еден брод.
Не­ма отка­жу­ва­ње! Не ни до­ли­ку­ва. Уни­шту­ва­ње­то не­ма да за­пре – тра­е­ло и ќе трае, но на­ше­то иско­ре­ну­ва­ње ќе за­пре. Ве­ру­вам де­ка ќе ни се вра­ти Го­це­ви­от уг­лед, за­што Го­це Дел­чев ни­ко­гаш и не за­ми­на…

Извадок од првонаградената творба на Бо­ја­на Јо­ван­че­ва, 4-5 клас.
СОУ ,,Љуп­чо Сан­тов“, Ко­ча­ни
Мен­тор: проф. Але­ксан­дар Ди­ми­тров


Нај­до­бри ли­ков­ни твор­би

Нај­до­бри­те ли­ков­ни твор­би ги на­пра­ви­ја:
Пр­ва на­гра­да: Ле­о­на Ста­ни­кев­ска, тре­то одд. – ООУ „Бла­же Ко­не­ски“ – Скоп­је
Мен­тор­ка: Ја­дран­ка Кли­са­ро­ва
Вто­ра на­гра­да: Ан­ге­ла Але­ксов­ска, пр­во одд. – ООУ „Пе­тар Поп Ар­сов“ -Бо­го­ми­ла
Мен­тор­ка: Зо­ри­ца Адам­чев­ска
Вто­ра на­гра­да: Ани­ка Ман­чев­ска, тре­то-а одд. – ООУ „Вла­до Та­сев­ски“ – Скоп­је
Мен­тор­ка: Жак­ли­на Ми­лан­ков­ска
Тре­та на­гра­да: Ана Вел­ја­нов­ска, тре­то одд. – ООУ „Ли­ри­ја“ – Те­то­во
Мен­тор­ка: Ма­ја Ди­ми­тров­ска
Тре­та на­гра­да: Ми­ла Јо­шев­ска, тре­то одд. – ООУ „Вла­до Та­сев­ски“ – Скоп­је