По повод 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, учениците на кои им предава Соња Деловска, наставничка по македонски јазик во ООУ „В. Тасевски“, со стихови и рими напишаа песни-посвети за историската личност, чиј лик и дело биле, се и ќе бидат светост за македонскиот народ. Зрелите пораки напишани со детска рака за големиот борец за слободна и суверена Македонија, за која го даде и својот живот, се доказ дека со правилна едукација, која ја поттикнува креативноста, но и љубовта кон татковината, учениците се насочуваат кон вистинскиот пат

Литературни творби на учениците од ООУ „Владо Тасевски“ од Скопје за големиот македонски револуционер и идеолог Гоце Делчев

Гоце Делчев – неуморен деец за слободна Македонија

Ако некој се запраша кој бил најголемиот револуционер, патриот и неуморен борец за слободата на Македонија, ќе кажам дека тоа е Гоце Делчев. Тој бил Македонец во вистинска смисла на зборот. Ѓорѓи Николов Делчев познат кај народот како Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, Егејска Македонија. Тој бил првото дете на таткото Никола и мајката Султана. Како дете бил многу послушен и примерен ученик, а кога ќе видел некоја неправда кон послабите, тој секогаш застанувал во нивна одбрана.
Завршил гимназија во Кукуш, продолжил да се школува во Солун и во Софија. Подоцна предавал четири предмети: Геометрија, Историја на природата, Географија и Француски јазик, во Штип и во Банско. Најголем и најверен другар, сѐ до смртта, му бил Даме Груев.
Гоце Делчев бил голем револуционер, па самиот тој велел:,,Јас не ги мразам Османлиите како народ, јас војувам против османлиската тиранија, која со векови владее со македонскиот народ… Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има и народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа отколку во Македонија…“.
Подоцна ја прекинал учителската дејност и целосно ѝ се посветил на револуцијата. Еден месец пред прераната смрт на Гоце Делчев, неколку пати се сретнал со Даме Груев, со кого дискутирале за кревање востание. На 2 мај 1903 година, Гоце пристигнал во селото Баница каде што се нашол со своите соработници. Но клетите Турци го опколиле селото. Кога разбрал Гоце Делчев, утрото на 4 мај заедно со неговата дружина се обидел да го спаси селото, но Турците притискале од сите страни и ја погубиле целата чета, а Гоце Делчев бил погоден при полнење на пушката. Паднал врз неа и така згаснал неговиот живот.
Гоце Делчев го даде животот за својата татковина.
Сите Македонци како народ треба да бидеме благодарни и да се поклонуваме пред неговиот лик и да не ја заборавиме никогаш неговата мисла водилка – нашата татковина Македонија вечна да биде!!!.

Максимилијан Силјановски, 9-то одделение


Гоце Делчев

На четврти февруари осумстотини седумдесет и втора,
рано наутро во студената зимска зора,
во Кукуш детски глас се слушна,
мајката в скут Гоце го гушна.

И борец и учител
беше тој,
за подобар живот
на народот свој.

За него сега пеат
и шумите и водите,
зашто Гоце беше –
војвода над војводите!

На четврти мај
деветстотини и трета,
тој храбро загина
со својата чета.

Марта Неделковски, 9-a одделение ООУ „Владо Тасевски“ – Скопје


Бестрашен и непобедлив

Поголем од сите,
јунак голем беше тој,
бестрашен и непобедлив,
спремен за секој бој.

Тој за страв не знаеше,
за Македонија да ја брани
чесен и храбар,
спремен на секакви рани.

Од смртта Гоце не се плашеше,
со камата во рака секогаш прв,
Македонец над Македонци,
дел од македонскиот врв.

Во многу песни тој е опеан,
и сѐ уште за храброста негова
се раскажува,
како се сака една држава,
токму Гоце нам ни покажува.

Каја Андревска, 7-б одделение


Бесмртен хероj

Голем македонски херој
кој се борел за нас,
за подобра иднина
и слобода во секој час.

Гоце бил голем,
бесмртен херој славен,
во сите борби
тој бил јунак главен.

Се жртвувал тој
без воопшто да се кае,
за него треба секој
од Македонија да знае.

Нина Анакиева, седмо одделение


Свет на знаење и добрина

Гоце Делчев хероју наш
сега да си тука со нас
во светот чуден, себичен
и со неправди полн
да внесеш надеж
желби рој

И порано војни сте воделе
со дух и силна желба
сте победувале

Но денес во овој нов свет
невидлив непријател е клет

Светот треба да биде
поле на знаење и добрина
за посветла утрешнина

Лина Попова, седмо одделение


Вечна ти слава војводо!

(Гоцева раса – горди Македонци)

Деец, учител и револуционер,
за народот свој што се борел,
земјата своја од аскер што ја бранел.

Своја држава и слобода што сонел.
Зандани што лежел за правдина,
живот што положил за својата
татковина.

Војвода, херој што еднаш се раѓа,
а довека се слави,
борец за она што со глава се плаќа,
за новото сонце што денес над
Македонија се раѓа!

Апостол, водач, мислител мудар,
борец за правда, кој загина смело,
за македонското револуционерно дело.

Гоце Делчев, најсветиот
македонски син
што светот отсекогаш го разбираше,
како поле за културен натпревар
меѓу народите.

Вечен ти спомен и слава војводо,
На тебе и твоето дело вековно,
На сѐ што за нас направи и денес
да сме сведоци…
„гоцева раса“, горди Македонци

Илина Димитриевска, 9-а одделние


Песна за Гоце Делчев

На 4 февруари во тој зимски ден,
Се роди револуционер,
Се роди Гоце Делчев.
Беше јунак голем,
Мудар и бистар човек,
Беше извор на љубов,
За секој и за навек.
Се бореше храбро,
Уште повеќе од еден век,
За македонскиот народ
И македонскиот идентитет.
На 4 мај во Баница,
Летаа орли и кружеше аскер
Над неговото мртво тело
Но, не запре таму неговото дело.
Безброј негови мисли и пораки рој,
Останаа во наследство за народот свој,
По твоите идеи чекориме смело,
Така ќе го продолжиме твоето дело.

Михаил Дамев, деветто одделение


Гоцевата мисија се уште не води

На 4 февруари осумстотини
седумдесет и втора
Се роди херој за земјата своја

Учител и борец кој надеж во
нас вродил
Неговата мисија сѐ уште нѐ води
Во патен народ со црни мисли рој
Решил нешто да промени тој

Светот е културен натпревар меѓу
народите
Со војните не се наоѓаат надмоќните.
Ваквите постапки имаат поминат рок
Делчев донел ваков заклучок.

Марко Серафимовски, 9-то одделение


Вечно ќе се гордееме со твоето дело

Не изговарајте го неговото име
Напразно, без почит и поклонување
Тој е сонце што нѐ прати
И дај боже како Исус да се врати
И борец и учител беше тој
За подобар живот на народ свој
Гоце Делчев е херој наш
Кој се борел и храбро и смело
За ние вечно да се гордееме со неговото дело
Пушка преку рамо за слободата на својот народ
Порасна јунак славен
Горд, храбар и смел
Но, во Баница…
Го погоди куршум врел

Калина Јованова, седмо одделение


Гоце Делчев

Горди сме што те имаме
Делчев јунак наш
Низ времињата пливаме и
Победи славиме и добиваме
Околу мене полиња богати
Но болка во градите ме стега
Низ тебе кога куршум в срце врежа
Цврсто го носиме споменот за тебе
За тебе се раскажува и прославува
Ете за тебе зборувам
Нешто одѕвонува, длабоко
во моето срце
твоето име и дело никогаш
нема да ги заборавам.

Стефани Трајковска, седмо одделение


Апостол на револуциjата

Ти апостолу на револуцијата света,
Гордо чекореше на чело
на твојата чета,
Кукуш поголем јунак не го прославил,
Но човекот од најблиските страда
Во Баница почина душата млада,
Желен за слобода и истраен
во својата борба
Заслужуваш да ти ја посветам
оваа творба.
Ти и твоите другари Јане и Питу
Аманет ни оставивте
Никогаш да не заборавиме
Револуција своја да водиме,
Кон подобро утре да одиме.

Ева Рајковиќ, седмо одделение


Четврти февруари

На 4 февруари 1872
Во Кукуш се роди
Најголемиот македонски јунак Гоце
Народот македонски да го води

Бестрашен и храбар
за слободата се борел смело
откако неговиот живот згасна
македонскиот народ го продолжи неговото дело;

Светот го разбираше како поле
за културен натпревар меѓу народите
Неговите зборови ги храбреа војводите

Споменот за Гоце вечно ќе го чуваме
живееме во слобода
на неговиот роден ден
треба да се радуваме.

Ивана Ралев, 9-то одделение


Визиjата твоjа остана jасна

Во Кукуш се роди машко дете
Кое стана силен син на својата земја
Во историјата македонска
Тоа е Гоце јунак наш

Не знаеше Гоце Делчев
Дека јунак ќе биде
Но умре со мислата
Македонија слободна да ја види

Во селото Баница
На чело со Гоце
Храбри комити се збрале
За Македонија таму живот дале

Турскиот аскер броен
Животот твој го згасна
Ама визијата твоја
За Македонија остана јасна

Андреа Божиноска, седмо одделение


Кобниот ден

На 4 февруари
Детски плач се слушна
Мајка Султана во Кукуш
Своето чедо го гушна

Се роди Делчев војвода
Јунак мал и смел
Книгите и храброста беа негова цел.

Учител и револуционер
Голем македонски идеалист
Делчев бил и војвода
Од кукушката околина

Од шпиони проклети
Кобниот ден дојде
Во Баница утрото
Куршум низ гради му пројде

Гоце за Македонија
Животот си го даде
И никогаш од своите
Идеологии не се предаде

Марко Мицевски, седмо одделение


По­го­лем ју­нак од не­го не­ма

По про­фе­си­ја бил обра­зо­вен чо­век Во мис­ли­те за сло­бо­да да­ри­тел Во ср­це­то жел­ба за мир, За сло­бод­на др­жа­ва под не­бес­на шир! На­ме­сто кни­га тој пу­шка в ра­ка зе­ма По­го­лем ју­нак од не­го не­ма! За та­тко­ви­на­та го да­де жи­во­тот свој Пла­ни­рај­ќи во­ста­ние и ор­га­ни­зи­ран бој! Но, Ба­ни­ца за жал се вив­на во пла­мен, од се­ло­то за жал оста­на гол ка­мен! На 4 фе­вру­а­ри Го­це вле­зе во исто­ри­ја­та, Бо­рец, ју­нак, вој­во­да за сло­бод­на Ма­ке­до­ни­ја!!

Ан­ге­ла Хри­стов­ска, сед­мо од­де­ле­ние