Управата за финансиска полиција во врска со задржувањето на владиката г. Петар денеска на Меѓународниот аеродром Скопје соопшти дека има одредени сознанија, но бидејќи се работи за предмет кој, како што наведува, е во предистражна постапка не е во можност да сподели информации со јавноста.
– Во врска со информациите околу денешните случувања со владиката Петар, кога истрагата ќе биде во фаза која дозволува споделување на информации со јавноста, а тие нема да ја нарушат, благовремено ќе информираме, соопшти Управата за финансиска полиција
Митрополитот преспанско-пелагониски Петар денеска потврди дека накратко бил задржан на Скопскиот ааердором на барање на Финансиската полиција.
За порталот „Сакам да кажам“ г. Петар објасни дека кратко време бил задржан на аеродромот поради грешка во процедура, по што бил пуштен да го продолжи патувањето за Австралија, во епархијата каде има синодски надлежности.