Прилепското обвинителство, по наредба, денеска изврши ексхумација на телото на почината родилка со цел да се изврши обдукција и да се утврди која била причината за смртта на родилката од село Црнилиште. Според обвинителката Маријана Илиеска обдукцијата, со мерки за заштита, е извршена на лице место за да се избегнат можни тензии, бидејќи имало отпор меѓу населението на селото Црнилиште.
Екипата од судска медицина од Скопје, две лекарки и обдуцентот, направиле обдукција на лице место, а Обвинителството ја побарало по допрен глас.
Триесет и тригодишната родилка од Црнилиште на 10 јануари го родила своето трето дете на гинеколошкото одделение во болницата во Прилеп, но веднаш по породувањето имала обилно крвавење, при што починала околу 4 часот изутрината на 10 јануари.
Прилепското основно јавно обвинителство ќе го очекува извештајот за натамошно постапување. Ка.М.