Србија

Кризниот штаб на Србија на вчерашната седница одлучи дека сепак ќе започне второто полугодие за учениците во земјата од следната недела по завршувањето на зимскиот распуст. Сепак, поради големиот број заразени на дневно ниво од ковид-19 во земјата, училиштата ќе применуваат комбинирана настава во смени и преку интернет од дома.
Тоа, според српското министерство за образование, ќе придонесе да се намали ризикот од ширење на коронавирусот што е можно повеќе.
Од српското министерство за образование нагласуваат дека е неопходно да се зајакнат мерките за општа и лична хигиена и особено да се води грижа за редовно проветрување на сите простории во кои престојуваат учениците и вработените во училиштата.
Особено е важно да се избегнуваат масовни собири внатре и на отворено, особено доколку за време на собирите не се применуваат пропишаните мерки за лична заштита.
Според податоците на институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“, во периодот од 1 до 11 јануари, бројот на болни деца на училишна возраст од 6 до 18 години изнесувал 2.084, односно 0,27 отсто.