Франција има визија за создавање на област на мир, стабилност и соработка на Западен Балкан, за засилување на протокот на луѓе и за создавање на европски простор, како што истакна францускиот претседател Емануел Макрон. А за таа цел, францускиот претседател ќе се обиде да ја стабилизира ситуацијата помеѓу Бугарија и Македонија, пренесува „Еурактив“.
– Во месеците кои доаѓаат, ќе се обидеме да сториме повеќе за стабилизирање на ситуацијата помеѓу Бугарија и Северна Македонија – кажа Макрон за време на неговата посета на Загреб.
Бугарскиот привремен премиер Стефан Јанев претходно нагласи дека Бугарија нема да отстапи од нејзината позиција кон Македонија, во рамките на која е ветото за пристапните преговори со ЕУ.