Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан денеска во Скопје на две недели од референдумот за земјата порача дека од клучна улога е квалитетното известување на граѓањето за да направат информиран избор.
– Овој специфичен политички контекст може да послужи како пример зошто квалитетното информирање е толку важно. Квалитетното информирање им помага на граѓаните да направат информиран избор. Сметам дека сите медиуми треба да ги интензивираат заедничките напори за да информират за фактичката соодржина на договорот за името и последиците од гласањето на граѓаните, како и за подигање на свеста кај нивните гледачи и читатели за важноста да го искористат своето демократство право да гласаат. Ова е еден од најубедливите примери суштествената улога која ја имаат медиумите во демократскиот процес – рече Хан на отворањето на конференцијата за слобода на медиумите на Западен Балкан во Скопје финансирана од ЕК.
Осврнувајќи се на севкупната состојба на Западен Балкан тој рече дека оваа година има многу нови и позитивни моменти во процесот на пристапување, но оти за жал, тоа не е случај во областа на медиумите.
Хан посочи на податоци од регионалната платформа за заштита на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите дека оваа година се регистрирани 11 физички напади врз новинари во овој регион и дека тоа е неприфатливо. Според него, тоа се должи на нерешителноста на оние кои се задолжени да ги истражат и казнат извршителите на овие напади, што создава атмосфера на неказнивост која влијае на слободното и незаивсно известување.
– Заштита на слободата на медиумите е невозможна без функционално и независно судство – порача еврокомесарот Хан.
Потребно е, нагласи тој, земјите од Западен Балкан да работат на подобрување на слободата на медиумите и спроведувањето на законите, бидејќи тоа е еден од условите за пристапување во ЕУ.
– Тоа е неповратен пат за сите земји кои се стремат да станат членки – рече Хан.