НАУЧНИЦИТЕ ИСТРАЖУВААТ

Колку биле депресивни генијалците од различни сфери на животот? Волфганг Амадеус Моцарт, Едгар Алан По, Вирџинија Вулф, Ернест Хемингвеј…, брилијантни луѓе со исклучителен ум што биле склони кон анксиозност.
Науката истражува дали постои директна врска помеѓу високиот коефициент на интелигенција и појавата на депресија.
Постоењето зголемена загриженост, самокритика и искривен негативен поглед на светот, се дел од факторите што создаваат идеални услови за појава на депресија. Се разбира, постојат исклучоци.

Колку чекори се потребни за да станете депресивни?

Во нашето општество има брилијантни луѓе што максимално го користат својот потенцијал инвестирајќи не само во сопствениот животи туку и во самото општество. Сепак, многу студии ја покажуваат нивната единствена врска со депресијата, особено кај луѓе чиј коефициент на интелигенција е над 170.
Книгата „Креативен мозок“ е многу корисна во разбирањето на начинот на кој функционира мозокот на најпаметните и најкреативни луѓе. Во неа, неврологот д-р Ненси Андреасен внимателно ја демонстрира тенденцијата на генијалците во нашето општество за развој на одредени нарушувања: биполарно растројство, депресија, напади на анксиозност, а особено напади на паника.
Аристотел рекол дека интелигенцијата оди рака под рака со меланхолијата. Генијалците како Исак Њутн, Артур Шопенхауер и Чарлс Дарвин страдале од долги периоди на невроза и психоза. Вирџинија Вулф, Ернест Хемингвеј и Винсент ван Гог направиле застрашувачкиот чекори за ставање крај на сопствените животи.
Секогаш постоеле тивки, неразбрани, осамени генијалци што живееле во нивните мали светови. Одделени од реалноста, која им изгледа премногу хаотична, бесмислена и разочарувачка.

Студии за интелигентните луѓе

Сигмунд Фројд и неговата ќерка Ана го проучувале развојот на група деца со коефициент на интелигенција над 130. Во нивната студија, тие откриле дека кај речиси 60 проценти од нив се појавила депресија како нарушување.
Луис Терман, пионер на образовната психологија од почетокот на 20 век, го проучувал коефициентот на интелигенција на способните деца. Деца со коефициент на интелигенција над 170 учествувале во еден од најпознатите експерименти во историјата на психологијата. Овие деца беа наречени „термити“, а дури во 1990-тите биле извлечени некои важни заклучоци од студијата.
„Термитите“, односно децата на Луис Терман што веќе биле на средовечна возраст во 1990-тите години, покажале многу интересни резултати.
Воспоставена е врска помеѓу високата интелигенција и пониските нивоа на животно задоволство. Голем број од нив се стекнале со слава и важни позиции во општеството, а многумина се обиделе да се самоубијат повеќепати или станале зависни од алкохол.
Друг важен аспект откриен кај оваа група луѓе е нивната посебна чувствителност на светските проблеми. Нивните грижи не ги вклучувале само проблемите на нееднаквоста, гладот во светот или војните.
На високоинтелигентните луѓе им пречело себично, ирационално и нелогично однесување, така што тие често се фокусирале само на она што ѝ недостига на околината. Работи што не се синхронизирани, себичните делови од светот, свет во кој не можат да се вклопат. Тие често немале емоционални вештини за да најдат мир во овој збунувачки свет, што води до заклучокот дека на високоинтелигентните луѓе често им недостига една критична област – емоции.