Овие дуели се и во рамките на подготовките за претстојното ЕП 2022, каде што Македонија ќе игра во групата А, со селекциите на Словенија, Данска и на Црна Гора
РАКОМЕТ – ЗА ПРИЈАТЕЛСКИТЕ СРЕДБИ ВО НОЕМВРИ ВО КАИРО
Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го соопшти списокот со 22 ракометари за претстојната недела на Европската ракометна федерација (ЕХФ), за мечевите со првакот на Африка, Египет. Двата меча ќе се одиграат во Каиро, на 5 и на 6 ноември. Собирот на репрезентативците е закажан за 31 октомври во Скопје.
Овие дуели се и во рамките на подготовките за претстојното Европско првенство (ЕП), кое треба да се одржи во Унгарија и во Словачка, во 2022 година, каде што Македонија ќе настапи во Дебрецин, во групата А, со селекциите на Словенија, Данска и на Црна Гора. На списокот со играчи го нема левото крило Дејан Манасков, кој неодамна го повреди коленото и го очекува период на закрепнување.
Состав: Никола Митревски, Мартин Томовски, Градимир Чаневски, Цветан Кузмановски, Бојан Маџовски, Гоце Георгиевски, Ненад Костески, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Марковски, Филип Талески, Филип Кузмановски, Павле Анастасиевиќ, Михајло Младеновиќ, Филип Миркуловски, Марко Мишевски, Игор Ѓорѓиев, Мартин Велковски, Мартин Серафимов, Томислав Јагуриновски, Марко Митев, Кристијан Симоновски. Резерви: Тоше Ончев, Дарко Димитриевски, Горан Крстевски, Емилијан Ѓорговски, Михаил Аларов, Костадин Петров, Мартин Поповски, Дарко Кондев, Петар Атанасијевиќ, Марко Кизиќ.