Домување

Уморни сте од вашиот дом во неутрални тонови. Колоритните детали се идеален начин за освежување на домот и дополнување на вашиот ентериер.
Врата во впечатлива боја е реткост во домовите. Затоа таквата врата е идеална за сите што сакаат да се истакнат со оригиналност. Една врата обојте со интензивна боја и целиот амбиент ќе изгледа сосема поинаку.
Едноставната повеќенаменска полица е парче мебел што речиси секој од нас го има во својот дом. Овој здодевен елемент лесно се претвора во детаљ што привлекува внимание – сè што треба да направите е да го обоите внатрешниот дел на полицата или, пак, да користите самолеплива фолија.
За да добие вашата кујна сосема нов изглед, не е неопходно да ја менувате, доволно е само да ги замените индивидуалните кујнски елементи. Оваа минимална интервенција ќе го освежи просторот и ќе му даде поинаков печат.
Изборот на столови во впечатлива боја е одличен начин за освежување на трпезаријата, а доколку си играте со различни бои, ќе постигнете уште повпечатлив ефект. Доколку, пак, не сте во можност да купувате нов трпезариски мебел, ова можете да го постигнете така што ќе ги обоите старите столови.