Седумдесетгодишен скопјанец го нарушил јавниот ред и мир, со пиштол испукал неколку куршуми во воздух. Според информациите од полицијата, пукањето се случило вчера на пладне од балкон во стан во Ѓорче Петров.
– Од лицето бил одземен пиштолот „М- 70“ калибар 9мм., две рамки за пиштолот, 12 куршуми калибар 9мм., футрола за рамка, ловечка пушка „црвена застава“ калибар 16/70мм., два патрона за ловечка пушка „белон 2,50 мм., футрола за ловечка пушка и две дозволи за поседување и носење оружје на негово име – велат од МВР.
По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.