Репрезентацијата на Данска се соочува со суспензија од сите натпреварувања на Европската фудбалска унија (УЕФА) ако не успее да состави репрезентација за почеток на Лигата на нациите. Во моментов во Данска е во сила бојкот на А-репрезентацијата, поради недоразбирања околу маркетингот во националниот тим. Затоа, за тест-мечот денеска со Словачка Данска веројатно ќе настапи со фудбалери од пониските лиги на Данска и со футсалци, објавија медиуми од Европа. Данска в недела ја очекува првиот меч од Лигата на нациите, на гости кај Велс.
Женската репрезентација на Данска бојкотира меч од квалификациите за Светското првенство со Шведска во октомври 2017 година, по што УЕФА не ја суспендира Данска од квалификациите (репрезентацијата загуби службено со 0-3 и федерацијата беше парично казнета), но федерацијата беше предупредена дека ќе биде исфрлена од натпреварувањата на УЕФА ако се повтори неиграње меѓународен меч во следните четири години.