Владата на денешната редовна 86-та седница го формираше Комитетот за интеграција на Република Македонија во НАТО со кој ќе претседава премиерот Зоран Заев, а негови заменици ќе бидат вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров. 

Постојани членови на Комитетот се и вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за правда Рената Дескоска, министерот за финансии Драган Тевдовски, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, началникот на ГШ на АРМ генерал – мајор Васко Ѓурчиновски, директорот на Дирекција за безбедност на класифицирани информации Стојан Славески, националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски, и замениците министри за одбрана и за внатрешни работи, Беким Максути и Агим Нухиу, како и еден претставник од опозицијата според номинација од најголемата опозициска партија.

Во работата на комитетот може да учествуваат и други членови на Владата и други релевантни чинители доколку се расправа за теми од нивната област.