Блаже Конески се стремеше и ги посакуваше величествениот шум и надминување на човековата мисла и природа, тоа откровение и естетика на литературната критика и теорија, феноменот на поетското умеење и истрајноста на јазичната искра и наковална во изучувањето на историските вековија и друмски сновиденијата. Поетскиот глас и порака разоткриваа жив творечки призвук во креативноста и опстојувањето на духот и дарувањата божји низ стиховите на песната Круша и Марковиот манастир. Поетските провиденија и лингвистичките облици на епистоларниот интерес на Конески кон тајните и истражувањата на легендите, преданијата, верувањата, традициите, историјата и семиотиката на научната мисла и откоп на песната, поимно и персонификативно, неизбежно се втемелуваат како богатство и елегиски духовен остров што зрачеше често митски и онтолошки, а наедно ги надоврзуваше суштинските окултни поетски слики и преображенија. Тој како вистински тројански гласник, стилист, пророк, прологист, рабик, проникнува од својата родена митска земја на чудесиите, трагедиите, ропството вековно и партениско: „Ти што ми даде да сетам дека и земјата да ја поместам“.
Тој волшебно ја ковеше својата традиционална древна наковална, изустот и спевот на својот изворен мајчин јазик. Култот за Марко Крале, за Одземање на силата, вдахновението кон карпестата Стерна, за ангаријата на мажите и жените, за ѕидањето на Марковиот манастир, за светците, црковната врата и кубето на сводовите, за бојот кај Песјото Брдце, одразуваат визија и жед за призрак и секнување на бунарите и барабаните. Поетиката на метафората и поетското умеење со својот карактер и вистинското мајсторство, Конески ги сублимира со однос на реалното и вистинитото, со приод на поетската слика и летописание како откривање и распејување на уметничкиот и естетскиот летопис. Таквото мечтаење и интерес коренито се освојуваше од зовриениот оган на поетската воздишка и здив. Поетската метафора го осветлуваше и најавуваше новиот пат до превалецот, и бескрајната интегрална мисловност и сликовитост на песната и умотворбите народни. Гласнопојното пеење со ритамот и чекорот на нозете, со фолклорната ритмизација и фигуративност, песната ечеше и извираше од јазичната лексичка форма и сетилата на говорната функција кај поетот. Сите тие волшебни светови и метрики се прелеваа во една богата цветна плејадна китка, во лирска лира со недогледни звучни тоналитети и квинтни тркала. Поетот со својот звучен ек разоруваше со песната како преоден облик меѓу древноста, субјективноста, народниот танц и облиците на молитвеноста и верувањата.
Поетот Блаже Конески имагинарно живееше низ медениот принос и опстој на недогледното и совршеното.
Цело столетие опстојуваше и одблеснуваше кирилометодискиот јазик заедно со Охридската книжевна школа на Климент и Наум Охридски, кај него се распламнува и зреат, продолжувајќи го епохалниот интерес кон оваа писменост, дејците и влијанието на смената на глаголицата со кирилско словенско писмо. Црквенословенскиот јазик постанува видлив интерес на локалната традиција и живеење. Витанија се викаше местото на старозаветната чест и евангелското воскресение. Големата англиска писателка, поетеса и истражувачка Ивона Бeрнс со голем восхит, знаење и елан ја преведува и препејува книгата песни на Блаже Конески со наслов „Послание“ („Матица“, 1998), двојазично, на македонски и англиски јазик. Исто така величествената Англичанка и лингвистка Ана Пенингтон, голема вљубеничка во Македонија, со посебна љубов ја преведува и препорачува поезијата на Блаже Конески во светски рамки. Распеаната Ева Липска, секако, не можеше да мирува низ лирскиот заемен препев на песната, без везилката и македонската жена на Блаже Конески. Особено двата гајтана: црниот и жолтиот, олицетворено ги везеа судбината и трансверзалата и историскиот потков и ропство, за достиг на поетското писание и пеење кај Конески. Така, со штракањето на разбојот и боите на конецот, се предеа и ткаеја големата сина мисла, порака и волшебност на Блаже Конески. Секогаш остануваше да биде скромен, повлечен, мирен, епохален и недостижен за корапските хоризонти и заслади на душата и срцето мајчинско и македонско. Злите јазици беа клети и сепак неуко завејуваа со презир од некоја дива краста, краина и проклетство на голтарските пророци и дојденците. Но Блаже Конески беше и остана да биде единствен и велик, мајкин и величествен, како најтворечка македонска личност од областа на литературата, преводот, науката и уметноста, допирајќи ги земјата и небото, светлината и мракот, силата и здивот.
Разме Кумбароски