Ставањето на националното знаме до производот е предвидено и со примената на Законот за уредување на пазарот со земјоделски производи, што ќе овозможи месото и месните преработки со потекло од Србија да бидат означени со српската тробојка
изводи на рафтовите во продавниците во Србија ќе бидат посебно обележани и на етикетата, покрај цената, ќе стои и српското знаме. Во Министерството за земјоделство на Србија се надеваат дека на овој начин ќе се поттикне свеста кај домашниот купувач преку т.н. економски патриотизам да ја зголеми побарувачката за домашните земјоделски производи. Особено се надеваат дека ќе им се помогне на српските одгледувачи на свињи, кои ја губат конкуренцијата со поевтиниот увоз на свинско месо.
Ставањето на националното знаме до производот е предвидено и со примената на Законот за уредување на пазарот со земјоделски производи, што ќе овозможи месото и месните преработки со потекло од Србија да бидат означени со српската тробојка – изјави министерот за земјоделство Бранислав Недимовиќ.
Српските фармери побарале државна „заштита“ за да се надмине кризата во свињарството и предложиле националното обележување на месото во трговската мрежа да биде дел од решението за прекумерниот увоз и падот на откупната цена, објави „Политика“.
– Со ставањето српско знаменце, на купувачите им даваме информација кое месо е од Србија, а кое е увозно. Луѓето ако имаат желба, волја и патриотски чувства во себе, дури и ако е поскапо, може да одлучат дали да го одбранат српското сточарство – вели Недимовиќ.
„Политика“ разговараше со економските експерти за тоа колку оваа мерка би можела да придонесе за раст на продажбата на домашните производи, сметајќи на безусловниот економски патриотизам на потрошувачот. Во Србија веќе се применува проектот на Стопанската комора на Србија што им дава поддршка на домашните производители. Овој „домашен“ печат може да го добијат исклучиво производите што се направени со најмалку 80 отсто од домашни ресурси, односно со домашен труд, суровина и материјал. Но овој услов кај домашните производители на месо и на месни преработки не можат да го исполнат многу компании и индивидуални производители. Главно, станува збор за мали и средни производители и производи на приватни стоковни марки на неколку трговски синџири што дејствуваат во Србија.
– Кај големите индустрии повеќето фирми за производство, освен домашни, користат и увозни суровини. За добивањето на печатот за домашен производ е важен и квалитетот, а не само потеклото на производот. Има многу малку производители на месо и на месни преработки што конкурирале за стекнување на називот домашен производ, во однос на бројот на одгледувачите на свињи. Користа од жигот е видлива и трговците имаат зголемена продажба од 10 до 40 отсто. Производителите не можат да сметаат на економскиот патриотизам ако не постои одредено ниво на квалитет на производот што го пласираат на пазарот – вели Саша Вељковиќ, професор на Економскиот факултет во Белград.
Аграрниот аналитичар Чедомир Кецо и претставник на групацијата на одгледувачи на гоени јунци смета дека суштински е да се напише од која фарма е произведено, како и времето.
– Ние немаме проблем со увозот, туку со смрзнатото месо. Секој од нас очекува домашно месо, но тоа е нереално. Имаме и месопреработувачи на кои целото производство им е од увозни суровини – вели Кецо.
Тој најави дека од нивната групација ќе издаваат сертификати за квалитетот на домашното јунешко месо. Ова ќе значи и гаранција за квалитетот од домашните фарми, кои ќе треба да исполнуваат посебни услови во исхраната на говедата и чувањето на стоката.