Во Мексико е прогласена тридневна жалост поради смртта на 24 лица кога се сруши дел од надвозникот на метрото на патот.
Во несреќата што се случи во вторникот на линијата 13 од метрото, 79 лица беа повредени, пренесуваат агенциите.
Мексиканските власти ветија целосна истрага, бидејќи се поставуваат прашања во врска со безбедноста на градбата.
Претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор рече дека ништо нема да се сокрие, додека градоначалникот најави дека во истрагата ќе биде вклучена странска компанија.