Откако многу години постојано беа вклучени во копнени операции, американскиот марински корпус се враќа на своите корени како поморска експедициска сила, и тоа на нови мисии источно од Европа на Пацификот, истакнува Вокер Ф. Филд од ЕЦФР
Геополитичката рамнотежа се префрла од Атлантикот кон Индопацификот
Американскиот марински корпус во моментов спроведува историска и детална ревизија на својата мисија и структура за да може соодветно да одговори на новите закани што ги претставуваат Кина и Русија. Во меѓународниот поредок по крајот на Студената војна, во кој САД беа доминантна сила почна да се отвора патот за нов, во кој постојат повеќе ривалски велесили, особено една влијателна, Русија, и Кина во подем. САД сега се борат да фатат чекор во натпреварот со Кина и со Русија во софистицираната сива зона со повеќе домени. Американскиот претседател Џо Бајден неодамна ги претстави најновите привремени упатства за национална безбедност, во кои се наведува дека светската динамика достигнува критична точка, потребен е нов фокус во дипломатијата и промена на приоритетите во американското министерство за одбрана.
Дали Кина е главен ривал на САД?
Ова е точно, затоа што кинеската економија се зголеми десет пати во текот на последните триесет години, а државата речиси ја завршува долгогодишната трансформација на војската, односно Народноослободителната армија на Кина, која од територијална одбранбена сила прераснува во поморска сила. Овој таканаречен ремонт беше поддржан од седумкратно зголемување на одбранбените трошоци со кои се модернизираше кинеската војска во врвна армија позната по своите моќни ракетни одбранбени системи. Експертите за надворешна политика укажуваат дека до 2027 година, Пекинг целосно ќе ја заврши модернизацијата на војската речиси една деценија пред рокот.
Како се подготвува американската војска?
Американското министерство за одбрана ги анализира структурата, големината и капацитетите на здружените сили. Тоа го вклучува оддалечувањето од правните системи и чекор кон најсовремените технологии и капацитети. Лани во декември, министерството претстави нова стратегија за поморска одбрана наречена „Предност на море“, која ги опфаќа трите американски поморски служби: морнарицата, маринците и крајбрежната стража. Стратегијата се фокусира на веќе распоредените сили, поточно оние што се стационирани во странство, да бидат поагресивни во секојдневниот натпревар со Кина и со Русија. Како дел од новиот пристап, морнарицата ќе дава предност на контролирањето на отворените мориња. Крајбрежната стража ќе ги вклучи своите законски власти и експертиза во светски рамки и во градењето капацитети. Од своја страна, маринскиот корпус ќе се фокусира на формирање експедитивна борбена моќ додека оперира на исто ниво со вооружените системи на кинеската војска, кои се дизајнирани да го оневозможат пристапот на американската војска.
Маринците подготвени…
Маринците не се опремени, обучени или организирани да ја извршуваат оваа улога, но силите мора суштински да се преструктурираат. Во текот на изминатите две години, маринскиот корпус презеде темелни промени во фокусот на мисиите, така што од три децении во постојани копнени операции почна да прераснува во поморска експедициска сила што ќе може да дејствува во спорни области во водите, така што идните маринци ќе бидат многу поразлични од сегашните.
Главен приоритет за генералот Дејвид Х. Бергер, кој е командант на маринскиот корпус, е да спроведе нов стратегиски план наречен „Дизајн на силите 2030“ што претставува одговор на можна закана, чија цел е САД да располагаат со светска поморска експедициска сила што ќе биде подготвена за распоредување. Меѓу другите нешта, планирани се неколку важни промени.
Прво, новиот марински корпус ќе биде полесен, поподвижен и со капацитет да дејствува од најразлични поморски платформи и од бродовите на сојузниците. Тој ќе има капацитет и простор за маневрирање со сојузничките сили и партнери во плитките крајбрежни води, користејќи помали и помалку провокативни платформи, како новодизајнираните лесни амфибиски воени бродови. Новите формации ќе се интегрираат во мали поморски ударни сили како поддршка за заедничките и комбинираните активности.
Второ, корпусот ќе биде поотпорен и со подобрени вештини за преживување што значи дека ќе има помали, распоредени елементи што ќе можат да постојат внатре во непријателските ракетни системи, како што е првиот островски синџир во близината на источното крајбрежје на Кина. Овие сили ќе бидат очите и ушите на заедничките сили. На овој начин, маринскиот корпус ќе им даде предност на сајбер-безбедноста и информациите што ќе овозможат поголема слобода на дејствување во електромагнетниот спектар.
Трето, силите по природа ќе бидат насочени кон поморски активности. На пример, единиците за копнена авијација што се користеа на Блискиот Исток во изминатата деценија се трансформираат во поморски мисии. Се инвестира во платформи повеќе ориентирани кон морето, како што се прецизни оружја со долг дострел и се напушта употребата на тенкови.
Четврто, беспилотните системи ќе играат поистакната улога. Маринскиот корпус го удвојува бројот на беспилотни воздушни ескадрони во натпреварот за поморско извидување. Американското министерство за одбрана ќе настојува на развивање воздушни беспилотни логистички системи за да помогнат во автоматизирањето на дистрибуцијата на ресурсите во поморска средина. На крајот, се предвидува да се воведат промени во модернизацијата на обуките и образовните институции.
Воениот буџет подготвен
Администрацијата на Бајден веќе сигнализира дека ќе сака да ја задржи американската воена предност за да не им остава повеќе простор во иднина на Кина или на Русија. Маринскиот корпус планира да ги зголеми трошоците да ја оствари неговата улога во новата стратегија.
Трансформацијата на силите треба да биде завршена до 2030 година и ќе вклучува тековно експериментирање. Првите трансформирани единици ќе бидат подготвени до 2030 година што зависи од тоа како се дефинира подготвеноста. Корпусот во моментов може да ги исполни сите назначени мисии од генералштабот. Сепак, подготвеноста опфаќа единици на располагање и борбена готовност без разлика на капацитетот на противникот. Но во натпреварот со Кина и со Русија, војската треба да усвои нова рамка за подготвеност што попрецизно покажува кога службата може да ги исполни барањата на идните мисии. Ова ќе помогне во воспоставување клучна врска меѓу финансиските ресурси и борбената стратегија.
Американската надворешна политика се менува
Иако идните маринци ќе бидат поинакви во однос на структурата и капацитетите, сепак ќе ги задржат историските корени и директно ќе ги поддржат правните барања за да ги заземат и бранат напредните поморски бази. Генералот Бергер истакна дека „Маринскиот корпус ќе продолжи да служи како прва сила во одговорот на криза насекаде во светот и ќе придонесува за одбраната и потребите за војување на сите борбени команди“.