Партијата ПОДЕМ денеска преку соопштение ја повика Владата да донесе
заклучок со кој ќе им препорача на органите на државната управа, јавните
претпријатија, акционерските друштва во државна сопственост, агенциите, фондовите,
бироата, заводите, управите и сите останати државни институции, на општините и
општинските претпријатија, да донираат средства за обнова на планинарскиот дом
„Копанки“.
ПОДЕМ предлага планинарскиот дом, кој пред осум години до темел
изгоре да се обнови по принципот на опожарениот трговски центар Глобал.
Додека се усвои предложениот заклучок, Општинската организација на ПОДЕМ
Битола ја повикува и градоначалничката, Наташа Петровска, да се охрабри и
да ги одмрзне одвоените минимални финансиски средства за поддршка на „Копанки“ и
веднаш да ги исплати, со што ќе се превземат првични активности за негова обнова.
Објаснувањето, дека не постои законска можност за исплата на овие финансиски
средства кон здружение на граѓани, сега станува беспредметно, по повикот на
Владата за исплата на пари кон струмичкото здружение за граѓани, кое е ист правен
субјект како и битолското, велат од ПОДЕМ.
М.М.