Англискиот клуб Ливерпул ја направи својата прва понуда за голманот на Рома, Алисон Бекер. Според италијанските медиуми, предлогот е рекорден за голман и е во износ од 70 милиони евра (62 милиони фунти), откако 10 милиони од нив се во форма на бонуси.
Другиот клуб кој се очекува да влезе во битка за Бразилецот е Челзи.
Претходно денеска, најпопуларниот италијански новинар Џанклука Ди Марцио откри дека агентот на Бразилецот, Зе Марија Неис ќе се сретне денеска со раководството на Рома, за да ја изјави јасно желбата на својот клиент да биде продаден во друг клуб.
Според „Ил Месаџеро“, Рома сака за Алисон 90 милиони евра. Оваа сума нема да биде платена од Ливерпул, а „црвените“ се надеваат дека ќе успеат да го убедат италијанскиот клуб да ја намали цената.
Две активности на социјалните мрежи поттикнаа понатамошни шпекулации. Алисон ги отстранил информациите за Рома од неговиот профил на Инстаграм. Истовремено во истата мрежа се појави фотоколаж, на кој Алисон е облечен со половина дрес на Ливерпул. Зе Марија Неис ставил „лајк“ на предметната слика, што предизвика еуфорија меѓу навивачите на Ливерпул.
Претходно се тврдеше дека Алисон може да се смета за сигурно ново засилување на Реал Мадрид. Последните информации од Шпанија сепак се дека „белите“ наскоро ќе се обидат да го привлечат голманот на Челзи, Тибо Куртоа.