Примирјето кое го договорија Ерменија и Азербејџан со Русија стапи на сила вчера, но и покрај тоа продолжуваат судирите во Нагорно-Карабах.

За време на ноќта има извештаи за бомбардирања на главниот град. Азербејџан утрово извести за ерменски напади.

– Меѓународното признавање на статусот на Нагорно-Карабах може да биде излез од оваа ситуација – рекол за германски ЗДФ, премиерот на Ерменија, Никола Пашињан.

– Борбени беспилотни летала доаѓаат во Азербејџан од Турција и Израел под маска на хуманитарен товар – објави секретарката на Министерството за одбрана на Ерменија, Шушан Степањ.

Од државното обвинителство на Азербејџан денеска е соопштено дека ерменските вооружени сили зивеле ракетен напад на хидроелектраната Мингачевир во Азербејџан.


И градот Ганџа бил цел на ракетниот напад од територија на Ерменија, соопшти Министерството за одбрана на Азербејџан. Тоа е втор по големина град во Азербејџан.

Во нападите загинале седум цивили, а 33 се повредени. Оштетени се и голем број објекти од цивилна инфраструктура.