Торонто од 0-2 успеа да израмни против Бостон, а на дуелот Денвер – ЛА клиперс сега е 1-1

НБА – ПЛЕЈОФ

Кошаркарите на Денвер му го возвратија ударот на Лос Анџелес клиперс во плејофот на НБА-лигата и славеа со 110-101, со што успеаја да го израмнат резултатот на 1-1 во победи во полуфиналната серија на Западната конференција.
Џамаил Мари и Никола Јокиќ беа предводници на успехот. Мари беше најефикасен со 27 поени, а Јокиќ реализира еден поен помалку, но имаше и 18 скока, четири асистенции и три блокади.
Бранителот на титулата во НБА-лигата, Торонто, успеа по почетните 0-2 да израмни на 2-2 во полуфиналната серија со Бостон. Во четвртиот дуел Бостон беше поразен со 100-93. Кај победникот предничеа Кајл Лори (22 поена) и Паскал Сијакам (23 коша), додека Бостон најмногу се потпре на ударите за три поени, но имаше седум погодени од 35 шута. Најефикасен беше Џејсон Тејтум со 24 поени.
Вчера играа Мајами – Милвоки и Лос Анџелес лејкерс – Хјустон.


НБА, ПЛЕЈОФИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Милвоки – Мајами 0-3
Бостон – Торонто 2-2

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА
ЛА Лејкерс – Хјустон 0-1
Денвер – ЛА Клиперс 1-1

се игра до четири победи