Србија
Набавката на одбранбени ресурси е национална одлука и Србија има право слободно да избира ангажмани од областа безбедносната политика, изјави неименуван функционер на НАТО, во писмениот одговор за „Гласот на Америка“, по повод објавените информации за купување кинески ракетен систем „ФК-3“ за потребите на војската на Србија.
Европската Унија очекува од Србија да се однесува во согласност со обврските што ги презеде, додека поранешниот функционер на американскиот Секретаријат за одбрана Мајкл Карпентер вели дека САД нема премногу да се занимаваат со оваа тема.
Во одговорот на Северноатлантската алијанса се потсетува дека НАТО и Србија се блиски партнери, кои се посветени на јакнење на партнерството, а во исто време се почитува и одлуката за воената неутралност.
Фредерик Бен Ходџис, поранешен командант на американските копнени сили во Европа, вели дека Србија треба да биде свесна за ризикот за купување оружје од кинески компании.
– Соработката со Кина за многу држави главно се завршува со значајна кражба на технологија, ангажирање на кинеските работници на штета на домашни и трајно задолжување. Мотивите за такви видови соработка се во настојувањето на Србија на гласачкото тело и на Србите да им се претстават како сила на подрачјето на Балканот – изјави американскиот генерал Ходџис, пренесува Н1.