Швајцарскиот тенисер Роже Федерер нагласи дека секогаш е подготвен да им помогне на младите играчи, а тоа го покажа во случајот со германскиот тенисер Александар Зверев, кого го советуваше повеќепати во изминативе години.
– Не сум му тренер, а мислам дека концептот на менторство не е фер. Кога тренираме заедно ако забележам нешто или тој ме праша, тогаш му одговарам. Секогаш сум подготвен да им помогнам на младите играчи, не само на Зверев. Тие и понатаму се мои ривали, но на 36 години можете да бидете поопуштен- потенцира Федерер.
Зверев пред неколку седмици на Ролан Гарос играше првпат на четвртфинале на гренд слем турнир.
– Никогаш не е лесно да се направи првиот чекор на гренд слем турнирите. Убеден сум дека Зверев може добро да игра на сите подлоги и јас го поддржувам- истакна швајцарскиот тенисер
Федерер на Вимблдон ќе настапи како прв носител на турнирот.